12 смртоносни оброци кои луѓето низ светот сакаат да ги јадат - Part 2

12 смртоносни оброци кои луѓето низ светот сакаат да ги јадат

7. Пита од врана

(7)12-smrtonosni-obroci-koi-lugjeto-niz-svetot-sakaat-da-gi-jadat-kafepauza.mk

Во некои делови од Литванија, питата со месо од врана е специјалитет. Властите се обиделе да ја прекинат оваа традиција бидејќи месото од оваа птица може да ви наштети. Но, тоа не ги спречило луѓето до ден денес да уживаат во ова јадење.

8. Супа од свежа крв

(8)12-smrtonosni-obroci-koi-lugjeto-niz-svetot-sakaat-da-gi-jadat-kafepauza.mk

Крвта од шатки и гуски многу се користи во виетнамската кујна. Се верува дека и готвачот, како и оној што ќе ја јаде супата од крв, ќе добијат сила. Опасноста е очигледна – птичји грип, но и многу други болести.

9. Кафеава печурка

(9)12-smrtonosni-obroci-koi-lugjeto-niz-svetot-sakaat-da-gi-jadat-kafepauza.mk

Овој вид печурки е многу отровен и опасен, но тоа не е очигледно, па многу луѓе сепак ги берат. Готвењето не ја намалува отровноста и отровот се таложи во човечкото тело. Овие отрови може да предизвикаат фатално оштетување на црниот дроб и бубрезите.

10. Игуанак

(10) traditional dish of the Arctic indigenous peoples

Станува збор за традиционалното јадење на луѓето од Арктикот. Направено е од ферментирано месо од морж или елен. Сепак, ова јадење може да го консумираат само луѓето кои го јаделе од мали. Процесот на ферментирање создава отрови кои може да бидат и смртоносни за оние што прв пат го вкусуваат во повозрасните години.

11. Аки

(11) traditional dish of the Arctic indigenous peoples

Ова овошје е многу популарно во Јамајка и иако самото тоа е безбедно, неговата семка е отровна. Ако ја изедете уште веднаш ќе ги почувствувате симптомите на „јамајската болест со повраќање“.

12. Супа од лилјак

(12) traditional dish of the Arctic indigenous peoples

Лилјаците се традиционален дел од азиската кујна. Готвачите го варат целиот лилјак во супа и така го сервираат. Сепак, лилјаците разнесуваат многу болести, па можеби е подобро да порачате нешто друго.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар