12 симптоми дека вашата мачка страда од артритис

12 симптоми дека вашата мачка страда од артритис

Артритисот е честа појава кај мачките, особено кај постарите. Станува збор за процес што ги напаѓа сите составни делови на скелетниот систем, и иако кај луѓето лесно се забележува, кај мачките симптомите се прилично суптилни и воопшто не се лесни за препознавање.

Постојат повеќе фактори што влијаат на тоа дали мачката може да заболи од артритис. Некои од нив се генетски, додека пак, другите вклучуваат прекумерна тежина и повреди. Вродените и наследните предиспозиции се значаен фактор, но не може да се занемари ни влијанието на останатите фактори. На пример, прекумерната телесна маса може да биде уште поголем проблем што води кон неизбежен артритис. Годините и активноста исто така влијаат, па затоа и треба да се обрне повеќе внимание на мачките постари од 8 години.

Па, ако сте забележале нешто чудно кај вашата мачка, а не сте сигурни за што станува збор, погледнете ги следниве симптоми што можат да ви помогнат да дијагностицирате артритис.

  • Мачките стануваат помалку активни и спијат повеќе од вообичаено
  • Може да станат анксиозни и немирни
  • Имаат потешкотии при наоѓање удобна позиција за лежење или за спиење
  • Се појавува раздразливост и избегнување контакт со членовите на семејството
  • Болно реагираат кога ги допирате
  • Имаат потешкотии при мала и голема нужда, и го прават тоа на необични места
  • Престануваат да се чистат со лижење и настануваат промени на крзното
  • Се појавува првут, особено на грбот и во коренот на опашката
  • Губат апетит и телесна маса

Важно е да знаете дека сите овие знаци се толку суптилни, што за нетренираното око можат да бидат невидливи. Токму затоа и мора внимателно да ја следите секоја промена на нивното однесување и да ги носите редовно на ветеринар. Станува збор за прогресивно заболување што бара континуирана моќ.

Доколку се сомневате дека вашата мачка страда од артритис, тогаш ветеринарот ќе направи клинички преглед и рендгенско снимање. Исто така ќе побара од вас и детален извештај за однесувањето на мачката. По дијагнозата, третманот зависи од тоа дали мачката страда од остеоартритис или од ревматичен артритис. Лековите што се користат се на база на кортикостероиди, против воспаленија и антибиотици.

Важно е да запомните никогаш да не им давате на мачките аспирин, ацетаминофен или ибупрофен. Точно е дека овие лекови се користат за лечење артритис кај луѓето, но можат да бидат смртоносни за мачките.

Постојат и алтернативни методи за олеснување на симптомите, како што е акупунктурата, масажата, хидротерапијата и ласерската терапија.

Ако вашата мачка е помлада и не ја знаете медицинската историја на нејзините родители, постојат неколку начини на кои можете да се обидете да го спречите развивањето на артритисот. Тоа можете да го постигнете така што ќе ја одржувате мачката во добро здравје и ќе се погрижите таа да е физички многу активна.

Дознајте и дали ѝ недостигате на вашата мачка кога не сте дома.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар