12 растенија кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот
9. Блитва
Многу луѓе на кои им е дијагностицирана депресија имаат недостаток од магнезиум. За среќа, додавање магнезиум во исхраната е многу лесно, а тој може да ги намали главоболките, депресијата и анксиозноста. Блитвата е темен лиснат зеленчук кој е полн со магнезиум, па неговата консумација може да ви помогне во борбата против стресот.
10. Кантарион
Кантарионот бил користен со векови како антидепресив. Можете да го најдете и како додаток за исхраната. Но, пред да го користите за третирање на депресија, разговарајте со вашиот лекар. Кантарионот може да има разни реакции со некои лекови.
11. Сончоглед
Семките од сончоглед може да се користат како природен антидепресив. Како и блитвата, и семките од сончогледот се полни со магнезиум. Тие исто така содржат триптофан, аминокиселина која произведува серотонин.
12. Боровинки
Многу луѓе знаат дека боровинките се суперхрана, но малкумина знаат дека тие многу помагаат во ослободувањето од стресот. Боровинките се богати со антиоксиданси кои ја подобруваат способноста на телото за справување со стресот. Исто така се богати и со витамин Ц кој го подобрува имунитетот. Боровинките може да ја подобрат работата на мозокот и да помогнат во проблемите со концентрација.
Погледнете и кои растенија ја лечат несоницата.