12 работи во кои жените се подобри од мажите

12 работи во кои жените се подобри од мажите

Сте помислиле ли некогаш дека жените имаат генетска предиспозиција да бидат подобри во учењето, водењето хигиена, комуникацијата со други луѓе или менаџирањето? Резултатите на многу истражувања покажуваат дека жената е подобра од мажот во многу работи. Кои се дел од нив?12 работи во кои жените се подобри од мажите

1. Жените се подобри во учењето

Доколку споредите тетратка на момче и девојче кое учат во ист клас во основно училиште, ќе сфатите кој негува поуредни и поорганизирани навики во учењето. Истражувањата на универзитетите во Џорџија и Колумбија, покажале дека жените имаат подобар пристап кон учењето. Дамите се повнимателни, поодговорни, поуредни и поорганизирани од мажите. Баш поради тоа, дамите речиси секогаш подобро и навремено ги извршуваат своите работни задачи, за разлика од своите машки колеги.

2. Попаметни се

Истражувачот Џејмс Флин го тестирал коефициентот на интелигенција на луѓето ширум светот. Опфатени биле: САД, Европа, Канада, Нов Зеланд, Аргентина и Естонија. Погодете кој пол во просек покажувал повисоко ниво на IQ!

3. Повеќе внимаваат на хигиената

Истражувањето на универзитетот во Сан Диего покажало дека во просек, канцелариските бироа на мажите содржат 10-20% повеќе бактерии отколку оние на жените. Жените се поуредни и многу повеќе внимаваат на личната хигиена, како и на хигиената на просторот околу себе, за разлика од мажите.12 работи во кои жените се подобри од мажите

4. Подобро минуваат на интервјуата за работа

Универзитетот во Западен Онтарио спровел истражување кое покажало дека жените подобро се носат со стресот поради разговорот за работа. Иако се понервозни пред да започне интервјуто, жените во просек подобро минуваат на ваквите интервјуа бидејќи понапорно се подготвуваат, обрнувајќи внимание на секој детаљ.

5. Жените со еволуцијата стануваат сè поубави

Недамнешно истражување покажало дека, со текот на еволуцијата, жените стануваат сè поубави, а мажите остануваат исти. Во истражувањето биле следени над 2.000 луѓе во текот на 40 години, а резултатите покажале дека привлечните жени имаат 16% повеќе деца од жените со просечен изглед, и дека убавите луѓе имаат 36% поголема веројатност дека првото дете ќе им биде женско. А тоа значи дека како што доаѓаат новите генерации, се раѓаат сè поубави жени.

6. Жените се подобри возачи од мажите

Колку и да сте биле убедени во спротивното, жените се повнимателни возачи, повеќе ги почитуваат сообраќајните правила и многу поголем процент од сообраќајните несреќи се предизвикани од мажи.12 работи во кои жените се подобри од мажите

7. Подобри се во барање утеха

Спроведената анкета на 2.000 луѓе покажала дека жените почесто зборуваат за своите чувства и умеат полесно да ги искажат своите емоции, за разлика од мажите. Дури 53% од жените зборуваат со своите пријателки за она што ги мачи, додека тоа го прават само 29% од мажите.

8. Поголем е бројот на жени кои дипломираат

Иако образованието на жените во минатото била контроверзна тема, во денешно време поголем е бројот на жени кои завршуваат факултет. Мажите во просек студираат 5 години подолго од жените, а поголем е и бројот на мажи кои се откажуваат од факултетот.12 работи во кои жените се подобри од мажите

9. Поздраво се хранат

Според студиите на универзитетот во Минесота, направени врз 14.000 личности, жените консумираат поздрава храна за разлика од мажите и обрнуваат повеќе внимание на својата исхрана. Додека исхраната на мажите повеќе содржи брза храна и црвено месо, во исхраната на жените повеќе доминира овошје и зеленчук.

10. Имаат појак имунитет и живеат подолго

Тајното оружје за борба против инфекција на жените е естрогенот, кој содржи ензими што спречуваат појава на бактерии и вируси. Исто така, меѓу светската популација која живее подолго од 100 години, 85% се жени. Во просек, жените живеат 5-10 години подолго од мажите.

11. Подобри се во менаџирање и мултитаскинг

Многу истражувања покажуваат дека жените се подобри ментори и подобри шефови бидејќи повеќе слушаат и имаат поголемо разбирање за разлика од мажите. Жените се полукави и знаат како да го најдат вистинскиот начин за да ги мотивираат работниците. Исто така, жените се подобри во мултитаскинг, што е краен резултат на многу истражувања. Ова се должи на фактот што жените многу пологично им пристапуваат на работите, додека мажите постапуваат водени од својот инстинкт.12 работи во кои жените се подобри од мажите

12. Жените инвестираат помудро

Според истражувањето врз 100.000 инвестициски фондови, женските инвестиции се подобри од оние на мажите. Тоа се должи на фактот што жените повнимателно носат одлуки и повеќе размислуваат на долгорочни патеки, како во љубовните врски, така и за сè останато во животот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. NeEVazno Reply

    Podobro minuvaat na intervjuata za rabota. Pa normalno, koa nie mazhite nemame dojki.

  2. една Reply

    “дека убавите луѓе имаат 36% поголема веројатност дека првото дете ќе им биде женско”-ваква глупост до сега немам прочитано

  3. El Matador Reply

    Ќе да сте претерале..најдобро платените глумци, спортисти, кувари, фризери, шминкери, уметници итн. итн. се мажи

Остави коментар