12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежи - Part 3

12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежи

9. Информации поврзани со деца

12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежи

Прво и основно, најважна е детската согласност. Пред да објавите смешна фотографија со вашето дете, запрашајте се дали би сакале да ја најде оваа слика на Интернет во иднина. Можеби е срамна или незгодна? Исто така, треба да помислите на безбедноста на детето. Доколку постојано објавувате лични информации на социјалните мрежи, на тој начин им помагате на криминалците полесно да стигнат до вашите деца. Не би сакале некој криминалец да знае во кое училиште оди вашето дете, се согласувате? Освен тоа, често се случува фотографите да објавуваат слики од деца што ги виделе за време на нивните патувања. Треба да има правило да не се споделуваат фотографии и информации за деца без согласност на родителите.

10. Фотографии од пријателите

12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежи

Честопати корисниците објавуваат смешни фотографии од нивните пријатели за да им се смеат. Но, дали навистина ви е потребно да ги покажете пријателите во такво светло, знаејќи дека повеќето корисници можат да ја видат фотографијата? Станува збор за непромислена постапка што скапо може да го чини вашиот пријател.

11. Фотографии со вашиот поранешен партнер

12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежи

Колку и да сте чувствителни, најдобро е да ги избришете фотографиите со вашиот поранешен партнер. Тоа ќе ви помогне да ги одбегнете проблемите со новиот или потенцијалните партнер кој ве надгледува на социјалните мрежи. Освен тоа, носталгичните сеќавања не му помагаат на вашето расположение.

12. Информации што не сакате да ги споделите со непознати луѓе

12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежи

Многу е важно да не објавувате информации што не сте подготвени да ги споделите со непознати луѓе. Секако дека тоа не значи дека треба да паничите и да ги избришете сите ваши профили на социјалните мрежи. Само треба да запомните дека вашите онлајн информации се јавни, па затоа добро размислете пред да објавите нешто.

Освен што може да ви бидат злоупотребени личните информации, социјалните мрежи имаат и негативно влијание на човековата психа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар