12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежи

12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежи

Сите ние користиме барем една од социјалните мрежи. Пишуваме статуси за нашите идни планови, ги разгледуваме фотографии на нашите пријатели, ги читаме новостите и муабетиме. Иако социјалните мрежи се обидуваат да ги заштитат личните податоци на нивните корисници, сепак постојат одредени информации што можат да бидат злоупотребени. Прочитајте ги следниве тајни што ќе ви помогнат да се заштитите од лошите луѓе и хакерите кои сакаат да ви наштетат…

1. Геолокација

12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежи

Сигурно сте забележале дека ознаките за геолокација се додаваат автоматски. На социјалните мрежи обично секогаш е вклучена оваа функција. Тоа значи дека човек со секакви намери може да дознае каде работите, каде живеете и каде го поминувате времето. На вас останува да одлучите дали сакате да го преземете ваквиот ризик.

2. Телефонски број

12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежи

Честа навика е да се поврзе телефонскиот број со социјалните мрежи. Меѓутоа, не треба да заборавате на стапиците и замките на оваа функција. Во најдобар можен случај ќе ви се јави некој напорен обожавател или дете што сака да се кажува. Во најлош можен случај, ќе ве хакираат за да ги украдат вашите лични податоци.

3. Дата на раѓање

12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежи

Вашата дата на раѓање е исто толку важна колку и вашето целосно име и домашна адреса. Оваа информација може да им помогне на измамниците да ја хакираат вашата лична сметка во банка.

4. Фотографии од билети, карти и лични документи

12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежи

Многу патници објавуваат фотографии од аеродроми со нивните билети, со цел да ги доловат емоциите што ги чувствуваат поради нивниот долгоочекуван одмор. Доколку и вие го правите ова, внимавајте! Бар кодот на вашиот билет е единствен и може да се искористи за да се добијат вашите лични информации што сте ги оставиле кај авионската линија. Корисниците прават и други слични грешки: Кога сакаат да се пофалат поради тоа што добиле нова ВИП кредитна картичка или возачка дозвола, тие споделуваат фотографии на социјалните мрежи. Запомнете дека објавувањето такви слики воопшто не е добра идеја.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар