12 причини зошто жените кои гледаат хорор филмови се најдобрите партнерки

12 причини зошто жените кои гледаат хорор филмови се најдобрите партнерки

Секој некогаш има изгледано хорор филм. Постојат луѓе што навистина ги мразат овие филмови, а постојат и луѓе што ги обожаваат. Хорор филмовите можат да разгорат вистински оган кај некои луѓе. Можат да ве направат љубопитни и да ве воодушеват. Но најважно од сè, хорор филмовите можат да ви предизвикаат вистински страв. Дознајте зошто жените кои уживаат во овие филмови се можеби најдобрите партнерки.

12 причини зошто жените кои гледаат хорор филмови се најдобрите партнерки

1. Нема да им биде страв да се ослободат од пајаците за вас

Всушност, голема е веројатноста да мислат дека пајаците се интересни, па ќе им даваат имиња и ќе ги гледаат како миленичиња. Кој не сака нов член во семејството?

2. Нема потреба да ги браните од звуците во мракот

Веројатно тие ќе истрчаат први да видат што се случило на долниот кат.

3. Дефинитивно не им е страв од темница

Всушност, тие ќе ве натераат да се ослободите од ирационалниот страв и веројатно ќе ги превртуваат очите кога ќе им кажете дека не сакате темница.

4. По природа сакаат да им помагаат на другите

Бидејќи останатите се плашат од нешта што тие ги сакаат, овие жени се навикнати да ги тешат другите. Можат да се справат со секого и сакаат сите да бидат во ред.

5. Можат да се грижат за себе

Овие жени знаат што треба да направат за нивната безбедност и секогаш се внимателни. Ги изгледале сите хорор филмови и знаат кои се знаците на опасност.

6. Тие се опасни

Воглавно, жените коишто сакаат хорор филмови се навистина опасни во секоја смисла. Тие се личности кои кажуваат што мислат без воздржување. На секој му е потребна ваква дама во животот.

7. Секогаш ќе го направат замисленото

Овие жени немаат страв. Ништо нема да ги спречи да го направат она што мислат дека е најдобро. Тие ќе ги исполнат нивните соништа и цели и ќе станат најдобрата личност што можат да бидат.

8. Бараат авантура

Никогаш нема да имате здодевен момент со овие жени. Тие ќе го направат вашиот живот интересен, постојано ќе ви се случува нешто и постојано ќе се забавувате.

9. Кога навистина ќе се исплашат, стануваат личност што многу сака прегратки

Овие жени ретко се плашат, но кога ќе се случи тоа, очекувајте да се „закачат“ за вас. Ќе ја добиете најдобрата прегратка во светот.

10. Изгледаат цврсто, но под површината се нежни и добри

Понекогаш излегуваат од контрола и навистина ве плашат, а понекогаш се преправаат дека се многу посилни отколку што навистина се. Како и да е, овие жени се некои од најдобрите што можете да ги сретнете.

11. Ќе ве ценат како никој друг

Овие жени виделе навистина ужасни работи на хорор филмовите, меѓу другото и како овие работи им се случуваат на луѓе што се сакаат. Таа ќе ве сака, ќе ве чува до вас и ќе ве третира како принц.

12. Живеат во моментот

Овие жени знаат дека што било може да се случи во секој момент. Тие знаат дека животот е вреден и дека сешто може да се појави наредната секунда. Тие се свесни дека сегашниот момент е најважното и најскапоценото нешто.

Па доколку сакате да воодушевите ваква жена, изгледајте заедно некој од овие европски хорор филмови што можат навистина да ве вознемират.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар