12 причини зошто на старите души им е тешко да пронајдат љубов
Старите души се луѓе со посебен карактер. Тие ги чувствуваат емоциите многу поинтензивно од другите и имаат неверојатна моќ на исцелување. Иако секогаш можат да им помогнат на другите, понекогаш не можат да си помогнат самите. За нив може да биде вистински предизвик да пронајдат вистинска љубов, а ова се причините за тоа.
1. Свесни се за својот идентитет
Овие луѓе знаат кои се и точно знаат што сакаат, а што не кај партнерот. Иако ова е добра особина која им помага мудро да донесуваат одлуки, од друга страна драстично им ги намалува можностите.
2. Нивната интуиција може да им ја уништи врската
Бидејќи се склони кон претерано размислување, нивната способност за грижа и претпоставки може да ја уништи врската која не е многу стабилна.
3. Имаат проблеми со сродните души
Овие луѓе се приврзани за личности кои не се нивните сродни души. Тие формираат врски со луѓе од кои треба да учат и созреваат.
4. Често имаат некоја поголема цел
Овие луѓе треба да постигнат многу пред да ја пронајдат вистинската љубов. Ако прерано ја пронајдат својата сродна душа нема да можат да ги исполнат своите важни обврски.
5. Не прифаќаат ништо помалку од сродна душа
На овие луѓе им е потребно нешто повеќе од „површна“ врска. Тие нема да прифатат ништо помалку од сродна душа, па и по цена да останат сами.
6. Многу луѓе им даваат страст, а малку компатибилност
Бидејќи нивните емоции се поинтензивни, а другите се фасцинирани од нив, на овие луѓе им е лесно да најдат страст. Но, кога станува збор за најдобар пријател или љубовник, потрагата може да биде потешка.
7. Ретко среќаваат луѓе на „модерен“ начин
Иако немаат ништо против онлајн состанувањето, ова за нив не е природно. Исто така не им е наједноставно да пронајдат некој во бар или да отидат на слеп состанок.
8. Привлекуваат луѓе на кои им е потребна помош а не љубов
Причината за ова е нивната исцелителна моќ. За старите души нема ништо подобро од тоа да му помогнат некого. Сепак, потребно е да сфатат дека им е потребен партнер а не ученик.
9. Не сакаат игри
Состанувањето е навистина исцрпувачко за старите души. Глумењето за време на првите состаноци не е во нивната природа и самото заведување им е повеќе заморно отколку забавно.
10. Имаат високи стандарди
Тие очекуваат премногу од себе, па очекуваат и премногу од нивните партнери. Иако ова е добро, сепак треба да ја контролираат оваа особина. Подобро е да ги прифатат недостатоците на партнерот отколку да се откажат од него бидејќи не е совршен.
11. Проблеми од минатото
Овие луѓе се справувале со многу работи, морале да созреат и се соочиле го голем број предизвици. Сепак, нерешените проблеми од минатото можат повторно да се манифестираат во новите врски.
12. Се плашат со истиот интензитет со којшто љубат
Интензитетот со којшто љубат е пропорционален со стравот од тоа да го изгубат партнерот. Тие не само што љубат интензивно, туку на истиот начин ја чувствуваат секоја емоција. Понекогаш ова им стои на патот до добрите работи што ги чекаат во животот.
Дознајте и зошто старите души не се прифатени од семејството и пријателите.