12 причини зошто комплицираната девојка е онаа со која треба да го поминете животот
Логично е мажите да ги избираат едноставните девојки. Ниту едно машко не сака да се оптоварува и заморува со секакви ситници, а уште помалку некоја девојка постојано да му стои над глава и да му кажува што и како.
Затоа со едноставните и молчеливи девојки им е многу полесно. Со нив е лесно да се биде во врска. Тука се, тивки се, се сложуваат со скоро сѐ што ќе им кажат и предложат и скоро никогаш не се расправаат и препираат, а најмалку за ситници. Овие девојки се фини и насмеани и не им треба многу за да се чувствуваат убаво и удобно. За да ги задржи својот и вашиот мир и спокој, подготвена е да се стави себеси и своето размислување на страна, да се убеди себеси дека не е важно и дури и да поверува во тоа. Најмногу од сѐ, покрај таква девојка, машкото може да прави што и да посака, а таа ќе поднесе и многу повеќе од тоа.
Што всушност се случува со комплицираната девојка? Таа размислува. Се бори за тоа што го сака и не се задоволува со малку бидејќи знае точно што заслужува и што ѝ е потребно. Баш затоа секоја ситница ѝ значи и ама баш ништо не ѝ промакнува пред очи и уши. Никогаш не се помирува со она што смета дека не е во ред и праведно, па дава многу повеќе од себе за сѐ и сите што се дел од нејзиниот живот.
Оваа девојка се грижи за луѓето кои ги сака и е сосема очекувано да го посакува и, до некој степен, очекува истото за возврат. Таа го сака најдоброто за себе и го бара истото кај својот партнер, па е подготвена, доколку е потребно, да се расправа за да го добие. Ова е девојката која нема да може да заспие додека не го решите проблемот и која постојано и непрестајно ќе ве сака безусловно.
Ќе анализира и сонува, ќе размислува и ќе се премислува, ќе планира, па таа претставува предизвик во секоја смисла на зборот. Чувствителна и страсна и сигурно ќе ви го направи животот далеку потежок и покомплициран отколку што може да замислите. Па зошто тогаш сепак треба да ја изберете неа?
- Ќе ве поттикнува и охрабрува да бидете најдобри што можете.
- Ќе ви каже што точно очекува од вас и ќе го исполни својот дел од договорот.
- Ќе ја очекува вашата почит.
- Ќе разговара со вас до бескрај и назад ако е потребно, за важни и секојдневни работи, а разговорите нема никогаш да бидат сувопарни.
- Ќе биде секогаш тука за вас.
- Ќе биде страсна и посветена на своите, но и на заедничките интереси.
- Ќе се бори за вас и вашите успеси без да земе здив.
- Ќе се расправа со вас и нема да ви дозволи да го терате само своето.
- Ќе ви биде еднаква и подобра половина.
- Ќе ве предизвикува и инспирира.
- Ќе ве натера неизмерно да ја мразите и сакате во исто време, а да ја посакувате повеќе од сѐ.
- Ќе се случи да биде поразумна и попаметна од вас, а нема ништо повозбудливо од девојка која знае што зборува, што сака и како да го добие тоа.
Врската со комплицираната девојка е предизвикувачка. И да, доколку девојката не е сѐ уште созреана, врската ќе биде жив пекол и мачење. Ќе се расправате за секоја неважна работа и никогаш нема да успеете во обидот да го задоволите секој нејзин хир и да ја направите среќна.
Но, созреаната комплицирана девојка е поразумна и помудра. Ова значи дека ќе биде потребно да давате многу повеќе од себе бидејќи нема да добиете ништо помалку. Ваква врска не е воопшто лесна, најверојатно ќе биде испреплетена со расправии и несогласувања, но едно е сигурно: ќе направи да се чувствувате поживи од кога било. Ќе сакате повеќе од животот, а зборот доволно нема да постои во вашиот речник. Ќе биде страсна и изненадувачка, но секогаш ќе знаете на што сте. Ќе ве исполнува и поттикнува со секој чекор. И никогаш, ама баш никогаш, нема да ви биде досадна.
Terminot “komplicirana” ima sosema drugo znacenje, vo ovoj kontekst,ne e najdobro izbran.