12 прекрасни работи во животот кои поголемиот дел од луѓето не ги забележуваат
Сенката, пеењето на птиците, детската прегратка или пак летниот дожд се само дел од работите кои ги земаме здраво за готово во нашите забрзани животи, без да застанеме и да помислиме колку се чудесни и навистина убави. Доколку се прашувавте што е вистинска среќа и колку е таа блиска до секој човек, погледнете ги одговорите во продолжение.
1. Сенка
Сенките од некоја причина имаат лоша репутација, но за време на топлите летни денови токму таа ни дава засолниште. Таа ги штити луѓето од горештините. Потсетува дека во сѐ постои спротивност, односно дека дури и темнината има место и потенцијал да направи нешто добро.
2. Птичји песни
Кога последен пат сте застанале, сте ги затвориле очите и сте се фокусирале на песната на птиците? Птиците се прекрасни суштества, кои секогаш се во движење и ретко кога се одмараат. Градат гнезда, собираат храна, летаат од едно до друго место барајќи засолниште од ветерот и дождот, но цело време пеат. Без разлика колку им е тешко, птицата сѐ што прави, го прави со песна.
3. Детска смеа
Детската смеа е звук на чиста радост, од срце и без воздржување, а кога возрасните ќе ја слушнат не можат, а и самите да не се насмеат. Таа е моментална инспирација за промена на расположението кон подобро. Детската смеа ги учи луѓето за момент да се фокусираат и на малите работи кои ги усреќуваат. Смеата е најдобриот лек за сите грижи.
4. Ветар на топол ден
Кога надвор температурите се високи нема ништо подбор од студено ветре кое ги ниша гранките и шушка во крошните на дрвјата, ладејќи ни ја кожата и смирувајќи ни ги чувствата. Тивкиот шепот на ветрето носи моментално олеснување.
5. Смеа на странец
Чекорејќи по улицата, многу ретко можеме да забележиме насмеано лице, бидејќи сите се окупирани со своите грижи, намуртени и далеку со своите мисли. Некоја насмевка и гласниот разговор кој може да се слушне на улицата како да ја нарушува рамнотежата на досадното секојдневие. Енергијата која се разнесува од смеата на непозната личност може да го разубави и нашиот ден. Дозволете си да се насмеете, па дури и без некоја посебна причина.
6. Ѕвездено небо
Ѕвездите се вистинско чудо за гледање. Тие се величествени и убави, оддалечени, но сјајни и сите на некој свој таинствен пат. Не само што ги потсетуваат луѓето за тоа колку се мали, туку се и константен потсетник дека светлоста сјае во темнината, како и дека луѓето може да бидат таа светлина за другите.
7. Дожд
Можеби за некого дождот изгледа тмурно, но ако го набљудувате од друг агол, тогаш тој станува ладен пијалак за земјата што донесува раст и развој на секоја живо суштество кое ќе го допре. Дождот е тој што ја прави земјата толку жива и полна со бои. Дождот е појава на која се потпираме за да би можеле да живееме.
8. Сонце
Сонцето е едно од оние работи на кои секогаш можеме да се потпреме. Тоа секое утро одново изгрева и заоѓа навечер, без никакво отстапување. Прекрасно е дека постои нешто што е толку силно, а толку константно во животот на луѓето, и дава сигурност дека утре е нов ден.
9. Детска прегратка
Детската прегратка е едно од најслатките и најтопли искуства кои човекот може да ги доживее. Децата сакаат безусловно, а кога го даваат своето срце, го даваат цело – сите несовршености, лоши расположенија, бучава и грижа ги занемаруваат и едноставно сакаат. Нивите прегратки се тесни, топли и долги, бидејќи во нив го вложуваат целото свое срце. Тие нè учат дека и ние, исто така, треба да сакаме безусловно и срдечно како и тие.
10. Квалитетен разговор
Животот знае да стане толку многу забрзан и полн со обврски што понекогаш можеме да се пронајдеме во ситуации кога немаме време ни десет минути за да седнеме и да поразговараме со некого. Тешко е да имате квалитетен разговор со некого, и затоа тој ни е толку потребен и ослободувачки. Кога човекот ќе пронајде некој што има време и волја за да седне и да разговара за сѐ, тогаш знае дека пронашол вистински пријател. Добриот разговор ги учи луѓето дека е потребно да одвојуваат дел од своето време за другите, дека е дел од животот да споделите моменти на среќа со вашите најблиски и да создадете врски кои ќе траат цел живот.
11. Нов ден
Секој ден луѓето добиваат нова шанса за дефинирање на својот живот. Тоа е прекрасна работа за која многумина не се свесни. Секоја одлука треба да се донесе денес и да не се одложува, бидејќи само на тој начин секој ден ќе биде искористен. Впрочем тој токму и за тоа постои – за нова прилика. Животот е подарок и не треба да го земате здраво за готово. Секој ден треба да го претворите во нешто прекасно, да развеселите некого, да направите добро дело, мало или големо, и ќе се чувствувате позадоволно.
12. Незаменливите Вие
Секој од нас е човечко суштество со свои мисли, чувства, потреби и желби и целосно различен од сите останати. Секој човек има потенцијал за големи работи, секој може да го промени своето секојдневие, и не мора да направи „големи“ работи, туку доволно е да менува одредени мали работи во животот. Убавината е во окото на набљудувачот, а сѐ што е потребно е да ги отворите очите и да ја погледнете целата убавина која луѓето ја имаат во себе. Нема смисла да им дозволите на светот и на околината да ве дефинираат.
Промените се случуваат, без разлика дали сте сакале или не, а овие работи можат да го променат вашиот живот засекогаш.