12 прехранбени производи кои би требало почесто да ги јадете
Цимет, јајца, ореви… Доколку сакате да бидете поздрави, нутриционистите ширум светот ги препорачуваат следниве неколку прехранбени производи кои без сомнение треба почесто да ги јадете.
1. Шумско овошје
Рибизлите, капинките и боровинките се најчестиот избор на нутриционистите кога посакуваат нешто слатко. Ваквите овошки изобилуваат со влакна и витамини, но исто така содржат и антиоксиданси кои позитивно делуваат на стареењето. Највисоко ниво на антиоксиданси имаат капинките и рибизлите.
2. Леблебии
Со само 50 грама леблебии, вие добивате огромна количина влакна, протеини, здрави јаглехидрати и здрави масти.
3. Авокадо
Авокадото е плод кој би требало редовно да биде на вашето мени бидејќи е одличен извор на здрави масти. Тоа добро ќе ве засити, па затоа и нема толку често да посегнувате по нездравата храна. Покрај тоа, авокадото има одличен вкус и е многу едноставно за подготовка.
4. Квиноја
Таа наликува на житарици, но обилува со протеини и ги содржи сите потребни аминокиселини. Содржи повеќе протеини од сите преостанати житарици, дури 5 грама на секои 170 грама квиноја. Исто така, таа е богата и со омега-3 масни киселини.
5. Млеко од бадем
Без разлика што мислите за млечните производи, тие се тешки за избегнување или за целосно исфрлање од исхраната бидејќи се насекаде. Ако и вие сте љубители на млечните производи, тогаш мора да го пробате бадемовото млеко. Тоа има слична густина како кравјото млеко, но содржи двојно помалку калории од него и е богато со витаминот Е.
6. Екстра девствено маслиново масло
Ова масло изобилува со антиоксиданси и добри мононезаситени масни киселини, а покрај тоа е и многу вкусно. Но, кога купувате екстра девствено маслиново масло, внимавајте да биде во што потемно стаклено шише бидејќи светлината може да предизвика тоа да оксидира и да ја изгуби нутритивната вредност.
7. Цимет
Овој здрав зачин е пожелно да го консумирате апсолутно секој ден. Само половина лажичка дневно е доволно за позитивно да влијае врз регулацијата на шеќерот во крвта. Токму поради оваа причина, циметот е одлично решение кога ќе ви падне шеќерот и кога ќе посакате нешто слатко.
8. Јаткасти плодови
Многу луѓе ги избегнуваат заради тоа што се калорични, но всушност е докажано дека мононезаситените киселини кои тие ги содржат помагаат при регулирањето на телесната тежина. Тие се одличен извор на протеини, антиоксиданси, витамини и минерали.
9. Сок од лимон
Доволна е една чаша вода со сок од лимон наутро за да помогне во регулирањето на pH вредноста на вашиот организам, што е добро за целокупното здравје, како и за имунолошкиот систем. Исто така, ќе ви помогне и во регулацијата и забрзувањето на метаболизмот.
10. Грчки јогурт
Нутриционистите се малку опседнати со грчкиот јогурт, но со добра причина. Тој има двојно повеќе протеини и двојно помалку шеќери од обичниот јогурт, изобилува со пробиотици кои го зајакнуваат имунитетот, а поради намаленото количество лактоза се препорачува дури и за лицата кои не поднесуваат млеко и млечни производи.
11. Кељ
Кељот е богат со витамините К, А и Ц, како и со влакна и калциум. Исто така е богат со антиоксиданси кои ја спречуваат појавата на карцином, така делува и против најразлични воспаленија.
12. Јајца
Јајцата се често критикувани поради холестеролот, но бројните истражувања покажуваат дека не постои значајна врска помеѓу консумацијата на јајца и срцевите болести. Освен тоа, јајцата се богати со протеини и имаат само 70 калории, а многу витамини и минерали.