12 положби за фотографирање благодарение на кои вашите нозе ќе изгледаат многу послабо
4. Туркање на торзото
Како да ја направите: Навалете го торзото напред кон камерата со цел да создадете добра оптичка илузија: Сè што се наоѓа во предниот дел од фотографијата (глава, гради) ќе изгледаат многу поголемо од оние делови кои се позади (нозете).
Колку природно изгледа на скала од 1 до 10: 9 од 10? 10 од 10? Ова е можеби една од најдобрите трик-пози за вашите нозе да изгледаат послабо, бидејќи повеќето луѓе едноставно нема да знаат дека сте ја одбрале оваа положба размислувајќи за вашите нозе.
Познати ѕвезди кои ја практикуваат: Сите кои ѝ праќаат бакнеж на камерата (особено ангелите од Victoria’s Secret).
5. Не толку суптилно клоцање
Како да ја направите: Поставете добар баланс со цел да можете да се задржите откако ќе ја турнете вашата нога наназад како некој да ве бакнал на дожд.
Колку природно изгледа на скала од 1 до 10: Името ѝ е „не толку суптилно“, па токму затоа слободно може да се каже дека и не е толку природна.
Познати ѕвезди кои ја практикуваат: Ферги.
6. Прекрстените зглобови на Оливија Палермо
Како да ја направите: Не размислувајте многу, само прекрстете ги вашите нозе и насмејте се.
Колку природно изгледа на скала од 1 до 10: 6 или 7. Доколку не сте Оливија Палермо луѓето можат да си помислат дека вие секогаш стоите на тој начин.
Познати ѕвезди кои ја практикуваат: Оливија Палермо.