12 корисни психолошки трикови кои секој треба да ги знае
7. Ако сакате да прекинете караница, земете храна и застанете помеѓу оние кои се расправаат
Јадењето е поврзано со релаксација и смиреност. Веројатноста некој да нападне личност што јаде е многу мала, па конфликтот брзо ќе заврши.
8. Ако сакате да се ослободите од нешто, дајте му го на некој додека разговарате со него
Поставете некое лично прашање или побарајте мислење. Додека соговорникот ви одговара неговиот мозок ќе биде зафатен па сите други работи ќе се одвиваат автоматски. Во овој случај луѓето би земале сè без да размислат.
9. Ако сакате брзо да се спријателите со некого, побарајте услуга
Услугата треба да биде едноставна како подавање сол, шамиче, хартија или пенкало. Личноста која ве „услужува“ ќе мисли дека ве сака бидејќи ви прави услуга.
10. Закажувајте ги важните состаноци на почетокот или на крајот од денот
Луѓето најмногу ги паметат работите во овие периоди од денот. Поради ова закажувајте ги важните состаноци тогаш. Ако имате интервју за работа, обидете се да бидете првиот или последниот кандидат.
11. Обрнете внимание на насоката на стапалата кога разговарате со други
Стапалата на луѓето можат да ви ги откријат нивните вистински емоции за време на разговор. Ако му пријдете на некого, а тој го заврти само телото, а не и стапалата кон вас, тоа значи дека не ве сака.
12. Повторувањето на гестикулациите на другите ќе ви помогне да стекнете доверба
Ако ги повторувате гестикулациите, држењето на телото или изразите на лицето на соговорникот, тој многу брзо ќе стекне доверба во вас. Дури и ако личноста не забележи дека го правите тоа, таа ќе се препознае, а повеќето луѓе се сакаат себеси. Се разбира, важно е да не претерате.
Погледнете ги и психолошките трикови кои ќе ви помогнат да ги привлечете сите луѓе околу вас.