12 одлични трикови за на плажа кои ќе ви се најдат ова лето - Part 2

12 одлични трикови за на плажа кои ќе ви се најдат ова лето

7. Брз освежителен пијалак

Пред да одите на плажа наполнете 1/3 од пластичното шише со вода и ставете го во замрзнувач. Кога ќе посакате студен пијалак, ставете го пијалакот во шишето и тој веднаш ќе се разлади.

8. Лежалка отпорна на песок

За да го избегнете песокот на крпите, облеката и на сè што носите на плажа, земете чаршав со ластик наместо вообичаените простирки за на плажа.

9. Разладете ги обувките

За да го избегнете загревањето на обувките, свртете ги наопаку кога не ги носите.

10. Спречете го лепењето на песокот

Ставајте ги шишињата во пластични чаши за да го спречите лепењето на песок.

11. Заштитете го телефонот

Уште еден одличен начин да го заштитете телефонот. Едноставно замотајте го во пластична фолија.

12. Справете се со изгорениците

Сокот од алое вера содржи хемикалии кои ги лечат раните, ги намалуваат отоците, и ја враќаат влажноста. Купете гел од алое вера и замрзнете го во калап за мраз. Со коцките алое вера поминете преку лицето, рацете, грбот или кое било место на коешто имате изгореници. Ќе ја намалите болката и изгореното место побрзо ќе оздрави.

Погледнете ги и овие совети за најубаво и најзабавно лето до сега.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар