12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна - Part 2

12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна

6. Инстаграм може да помогне

12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна

Дали ги фотографирате вашите оброци и ги објавувате на социјалните мрежи? Ако го правите тоа, тоа е добро за вас. Психолозите советуваат секојдневно да правите фотографии од секој ваш оброк и ужина. На овој начин, ќе можете да ја разгледате галеријата со фотографии и да ги видите вашите претходни оброци. Овој метод ќе ве потсети што сè сте консумирале во текот на денот и ќе ви помогне да не се прејадувате.

7. Почестете се со благо

12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна

За многумина, збогувањето со слатките додека се на диета, е најстрашниот дел. Но, неодамнешните истражувања велат дека не морате да го правите тоа. Откриено е дека нема ништо страшно во повременото јадење по еден ред чоколадо, но без претерување. Пред да каснете нешто благо, запрашајте се себеси дали навистина толку многу ви се јаде. Доколку одговорот е „да“, слободно почестете се, но ограничете ја количината однапред.

8. Спијте квалитетно

12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна

Научниците ја имаат докажано поврзаноста помеѓу недостатокот од сон со покачувањето на килограмите. На секој возрасен човек му се потребни 7-9 часа сон во една вечер. Поради тоа, многу е важно добро да се одморате, за да избегнувате грицкање во доцните вечерни часови. Воедно, кај уморното тело се јавуваат промени во хормоните, коишто стимулираат чувство на глад.

9. Ослободете се од стресот

12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна

Стресниот начин на живот може да ви предизвика зголемување на телесната тежина, како резултат на лачењето на хормонот на стресот – кортизол. Овој хормон може да предизвика прејадување. Поради тоа, размислете што можете да направите за да го намалите количеството на стрес во вашиот живот, коешто од своја страна ќе придонесе подобро да спиете, да ги намалите порциите со храна и да ја намалите телесната тежина.

10. Пијте доволно вода

12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна

Вашиот мозок многу често знае да ги помеша жедта и гладот. Тоа значи дека можете да имате тенденција за прејадување, кога во суштина сте само жедни. За да го избегнете тоа, пијте доволни количества вода дневно и после извесно време ќе забележите позитивни промени во вашето тело. Препорачаната доза е околу 2 литри вода дневно, но таа може и да се менува, во зависност од вашата телесна тежина и стил на живот.

11. Подалеку од очи, подалеку од ум

12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна

Сокривајте ги продуктите коишто можат да ја расипат вашата здрава исхрана. Така на пример, можете да ја го замените вашиот сад со слатки којшто е поставен на кујнската маса, со сад полн со разновидно овошје. Ако имате навика да грицкате бонбони додека гледате телевизија, земете само 2-3 во дланката, наместо целото пакување. Исто така, кога јадете десерт не консумирајте повеќе од едно помало парче, бидејќи на тој начин ќе го намалите бројот на внесени калории, а голема е веројатноста дека вашиот мозок нема да ве потсетува на благите десерти коишто не ги гледате често пред вас.

12. Паметно применете ја математиката

12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна

Научниците тврдат дека луѓето не забележуваат од 5 до 10% намалување на големината на порциите. Докажано е дека намалувањето на големината на оброците е помалку трауматично во однос на целосното елиминирање на омилената храна. Поради тоа, добра идеја е да користите помали чинии или едноставно да ставате помалку храна во чинијата, од вообичаено.

Може да ве интересира и овој пијалак од само 4 состојки што ќе ви помогне да се ослободите од несаканите килограми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар