12 нешта кои среќните луѓе ги прават поинаку

12 нешта кои среќните луѓе ги прават поинаку

Истражувањата укажуваат на 12 нешта кои среќните луѓе ги прават различно од другите за да го подигнат нивото на сопствената среќа. Ако почнете да ги практикувате овие нешта уште денес, ќе можете побрзо да ги почувствувате ефектите од повеќе среќа во вашиот живот.

„Секогаш верував дека квалитетниот живот полн со уживање и мудрости е мое човеково право стекнато со раѓање и ќе ми биде автоматски доделено по некое време. Никогаш не се сомневав дека ќе морам да научам како да живеам, дека постојат специфични дисциплини и начини на гледање на светот кои ќе морам да ги усовршам пред да се разбудам во едноставен, среќен и некомплициран живот.“ – Ден Милмен

Без разлика на каков животен пат се наоѓате, овие „среќни навики“ можете да ги примените во секое време.

12 нешта кои среќните луѓе ги прават поинаку1. Искажувајте благодарност – Кога го цените она што го имате, она што го имате добива поголема вредност. Па така, ако сте благодарни за добрите нешта кои веќе ви се случуваат во животот, ѝ давате подлабока смисла на среќата. Логично е, би ни било многу тешко да бидеме среќни ако не сме благодарни за она што веќе го имаме.

2. Негувајте го оптимизмот – Луѓето кои се победници по природа имаат способност самите да создаваат оптимизам. Без разлика во каква ситуација се наоѓате, ако сте успешна личност, ќе најдете начин да воведете оптимизам во неа. Оптимистите знаат дека неуспехот е само можност да се научи ново искуство во животот. Луѓето кои размислуваат оптимистички, го гледаат светот како место полно со можности.

3. Избегнувајте споредби со други Споредувањето со други луѓе може да биде отровно за вас. Кога се споредуваме со луѓе на кои им оди полошо одошто нам, добиваме супериорно чувство кое го вади Канје Вест од дното на нашата внатрешност. Кога пак ни оди полошо одошто на некој друг, споредбата прави да го потценуваме трудот кој сме го вложиле и прогресот кој сме го имале. Во секој случај, споредбата со други луѓе скоро секогаш е нездрава работа, па ако веќе некогаш сакате да се споредувате, споредете се со постара верзија од себеси.

4. Практикувајте акти на добрина – Кога правите добрина, во вашиот мозок се ослободува серотин (супстанца со огромни здравствени придобивки, меѓу кои и ефектот на блажено чувство). Несебичното помагање на другите е супермоќно оружје за раѓање на добри чувства. Ваквите акти се со двојна добивка бидејќи не само вие, туку и оние кои го гледаат тоа ќе се чувствуваат подобро. Набљудувачите ќе ослободуваат серотин само гледајќи што се случува. Па и работата на анти-депресивните лекарства се состои токму во тоа да ослободуваат повеќе серотин во мозокот.

5. Негувајте ги социјалните врски – Најсреќните луѓе на светот се оние кои имаат длабоки, значајни врски со други луѓе. Дури и студиите покажуваат дека стапката на смртност е двојно поголема кај осамените луѓе. Има некое топло чувство кое не облева кога имаме активен круг од пријатели со кои можеме да ги споделува искуствата во животот. Така се чувствуваме како дел од нешто што има  подлабока смисла од нашето самостојно постоење.

6. Развијте стратегија за совладување на работите – Како реагирате во моментите кога нешто неочекувано ќе ви ја уништи тековната активност? Ваквите реакции го обликуваат вашиот карактер, а лошите моменти секако се случуваат во сечиј живот. Затоа, добро е да имате спремни тактики за реагирање, кои ќе ги вадите од ракав во дадената ситуација.

7. Научете да опростувате – Негувањето чувство на омраза е лошо по вашето здравје. Вашиот мозок не прави разлика помеѓу сегашните и минатите емоции. Кога мразите некого, вие постојано мислите на тоа, па овие негативни емоции го подјадуваат вашиот имун систем.

8. Стремете се кон фокусирани активности – Постои состојба во која имате чувство дека времето мирува. Тоа се случува во оние моменти кога сте толку многу фокусирани што се соединувате со задачата на која работите. Активноста и свесноста се спојуваат. Не ви се јаде, не ви се спие, не сте емотивни. Само сте комплетно ангажирани во активноста која ја правите. Ништо не ви попречува, ниту ве одвлекува од вашиот фокус.

9. Вкусете ја среќата во животот – Не можете да почувствувате длабока среќа доколку не го забавите темпото за да уживате во неа. Лесно е да заборавиме да уживаме во животните искуства бидејќи толку многу нешта ни се случуваат секојдневно. Но, ако не ги цениме нештата, ги заробуваме моментите на нивната магија. Наједноставните нешта во животот може да бидат највредни, само доколку не забораваме целосно да ги искусуваме.

10. Посветете се на вашите цели – Ако се посветите на нешто со целото срце, ќе постигнете резултати со неописливо голема моќ. Посветувајќи се да направиме нешто по секоја цена, правиме да се случуваат магични нешта. Кога сте целосно посветени да постигнете нешто, немате друг избор освен да го постигнете тоа. Ако немате опција, не можете да се премислите, па потсвесно станувате посреќни бидејќи си ја знаете својата улога во остварувањето на целта.

11. Практикувајте духовни работи – Кога практикуваме духовни работи, сфаќаме дека животот е поголем од нас. Се откажуваме од идејата дека сме најмоќните суштества кои постојат. Тоа ни овозможува да се поврземе со изворот на она од каде што сè е произлезено и да ја прифатиме поврзаноста со сè што постои.

12. Грижете се за вашето тело – Грижата за сопственото тело е од клучно значење за да бидете најсреќната личност што можете да бидете. Ако не поседувате физичка енергија, тоа негативно ќе се одразува на вашата ментална енергија (фокусот), вашата емоционална енергија (чувствата) и на вашата духовна енергија (целта). Некои студии покажуваат дека клинички депресивните луѓе кои континуирано вежбале, го подигнале нивото на сопствената среќа, исто како што тоа го прават медикаментите. Згора на тоа, по 6 месеци, овие луѓе покажувале многу помали шанси повторно да ѝ подлегнат на болеста бидејќи имале зголемено задоволство од самостојното постигнување и чувство на поголема вредност.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар