12 нешта кои позитивно можат да ги изненадат сите момци

12 нешта кои позитивно можат да ги изненадат сите момци

Да бидеме реални, тој никогаш не би одбил храна. Ниту секс. Баш напротив, доколку не ги очекува, ќе сфати дека ги посакувал многу повеќе одошто претходно мислел. Погледнете ги следниве 12 изненадувања кои ќе влијаат позитивно врз него и кои ќе му поттикнат посилни емоции кон вас.

12 нешта кои позитивно можат да ги изненадат сите момци

1. Непланиран секс. Не велиме дека треба да се скриете некаде и да скокнете врз него веднаш кога ќе влезе во вашиот дом (освен ако тоа не го возбудува сексуално), туку да го пречекате во секси долна облека и со голема насмевка на вашето лице.

2. Подготвена вечера. Да, првите две нешта на оваа листа се секс и храна, бидејќи тие се можеби и најсигурните начини на кои можете да го задржите неговото внимание. Доколку го пречекате со топла вечера, вино и свеќи, тој без сомнение ќе остане без зборови.

3. Неочекуван љубовен состанок. Не мора да биде ништо лудо, едноставно предложете му да излезете на вечера или на пијалак во средината од неделата и со тоа ќе му помогнете полесно да издржи до викендот.

4. Билети за спортски натпревар или концерт. Погрижете се дека неговиот распоред е слободен и изненадете го. Доколку тоа е нешто што вие навистина го мразите, подарете му ги двата билета и предложете му да оди со пријател.

5. Подарок без причина. Сите сакаат да добиваат подароци на нивниот роденден, но тогаш истовремено и ги очекуваат бидејќи сите ние до одреден степен сме насочени кон себе. Доколку му купите кошула без никаква причина, без сомнение ќе му го подобрите денот.

6. Повеќе секс. Да, со сексуалните изненадувања никогаш не можете да згрешите. Додека сте излезени, јасно дадете му до знаење дека сакате секс во истиот момент и тој во никој случај нема да остане рамнодушен.

7. Кратка љубовна порака во неговата актовка. Дали некој сè уште носи актовки? Можеби посоодветниот термин е торба за лаптоп. Во секој случај, малата порака од вас би можела да му помогне посреќно да започне со долгиот и напорен ден на работа.

8. Изненадете го со неговите омилени грицки. Без разлика дали станува збор за пуканки, смоки или чипсови, пронајдете ги неговите омилени и понудете му ги додека гледате заедно телевизија.

9. Кажете му дека ќе одите на некое здодевно место, а потоа одведете го во кино. Бидејќи тој ќе мисли дека ќе се досадува во следните неколку часа, откако ќе го види пред себе постерот со филмот кој ќе го гледате, без сомнение ќе се изненади позитивно.

10. Пратете му секси порака додека е на состанок. Само погрижете се дека тој не презентира во тој момент и секако, една порака е сосема доволна. Не сакате да му го одвлечете целосно вниманието во текот на целиот состанок.

11. Погрижете се за проектот кој тој веќе некое време го одложува. Можеби треба да однесе нешто на хемиско чистење или пак, да купи нешто од маркетот. Без разлика на задачата која веќе некое време ја одложува, завршете ја вие за него. Тој ќе биде толку среќен кога ќе го направите тоа за него, што нема никогаш да го заборави овој ваш гест.

12. Измислете годишнина. На пример, прославете ја 2-годишнината или 7-месечнината откако тој прв пат ви пишал. Измислете каква било причина за славење и малку разгалете го. Однесете го на масажа и вечера, подарете му нешто или пак, едноставно гушкајте се додека гледате филм.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар