12 неочекувани здравствени придобивки од алое верата
Алое верата е природен ресурс кој постои речиси цел милениум. Низ историјата била користена во медицината во многу култури, вклучувајќи ги и оние во Грција, Египет, Индија, Мексико, Јапонија и Кина. И денес милиони луѓе го користат ова растение поради неговите здравствени и козметички придобивки.
Што е алое вера?
Алое верата произведува две супстанци кои се употребуваат во многу прехранбени и медицински продукти – чист гел и жолт латекс. Гелот се наоѓа во листот на растението откако ќе го пресечете. Латексот се наоѓа веднаш под кората на растението.
Растението датира од пред 6.000 години од Египет кога раните Египќани почнале да го претставуваат на камени резби. Алое верата дури била нарекувана и „растение на бесмртноста“ и им била подарувана на фараоните.
Денес можете да го најдете растението во многу продавници. Најдоброто е тоа што е навистина лесно за одгледување – потребно е да го наводнувате само три пати неделно, па дури и поретко во текот на зимата.
Најдобриот вид алое вера
Многу компании произведуваат гел од алое вера кој може да се нанесува на кожата. Овие гелови содржат многу други додатоци. Ако сакате да го употребувате гелот во најчиста форма, најдобро е да купите растение, да го пресечете листот и да го нанесете на потребното место. Ако купувате продукт со алое вера, не заборавајте да ги прочитате состојките. Првата состојка треба да биде алое вера или вода. Некои гелови содржат и алкохол којшто ја суши вашата кожа.
ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ ОД АЛОЕ ВЕРА
1. Подобрување на имунитетот
Една од најдобрите работи за ова растение е неговата способност да го подобри вашиот имунитет. Некои истражувања покажале дека одредени продукти со алое вера биле ефективни во зголемување на бројот на бели крвни зрнца, односно одбранбениот систем на телото. Најдобриот начин да ја консумирате алое верата за имунитет е да пиете 100% чист сок од алое вера кој нема никакви засладувачи и додатоци.
2. Слабеење
Истражувањата покажале дека алое верата помага при слабеењето на два начина. Воспаленијата на телото се поврзани со дебелеење и проблеми со метаболизмот. Бројни истражувања покажале дека алое верата има антивоспалително дејство. Покрај тоа, алое верата е и природен лаксатив кој му помага на телото да ги исфрли токсините. Имајте на ум дека не треба да консумирате алое вера доколку сте бремени или доите.
3. Намалување на брчките
Водата во алое верата ја прави одличен навлажнувач за вашата кожа. Се покажало дека ова растение го стимулира производството на колаген, а со тоа се подобрува еластичноста на кожата и се намалуваат брчките. Истражување кое проучувало додатоци во исхрана со алое вера, покажало дека секојдневното консумирање предизвикало значително намалување на знаците на стареење, и тоа за само 3 месеци.
4. Акни
Еден од најголемите проблеми со комерцијалните продукти против акни е тоа што содржат состојки кои се премногу груби за кожата, па предизвикуваат дополнителна иритација. Ова не важи за гелот од алое вера. Гелот ги отстранува бактериите од порите и почнува да ја лекува кожата. Исто така ја намалува и појавата на лузни од акни.
5. Го поттикнува здравјето на косата
Неколку истражувања покажале дека површинското нанесување алое вера на косата може да има неколку придобивки. Алое верата го третира воспалувањето на скалпот поради првутот, ги зајакнува оштетените влакна, па дури и го поттикнува растењето на косата.
Продолжува на следната страница…