12 навики во однесувањето кои се клучни за личност со добри манири
Добрите манири се на некој начин покажување почит кон другите. Иако со текот на времето правилата се менувале, добрите манири се секогаш дел од нашиот живот и би требало да ги следиме за да избегнеме непријатни ситуации. Во продолжение погледнете некои навики во однесувањето кои не се толку очигледни, но би требало да ги прифатите.
1. Јавни тоалети
Речиси секој знае дека после употребата на тоалет, треба да ги измиеме рацете. Но постојат и некои други правила:
- Не обидувајте се да ја отворите вратата од затворена кабина. Вратата би можела да се отвори, а внатре да има некој. Доколку се случи тоа, и двајцата ќе се почувствувате непријатно.
- За мажите е препорачливо да се држат на некое растојание едни од други, прескокнувајќи писоари.
- Ако треба да ја поправите вашата шминка, немојте да го зафаќате огледалото веднаш до машината за сушење раце. Ќе ги терате луѓето кои веќе си ги измиле рацете да чекаат.
2. Правилно држење на шолјата
Можеби звучи изненадувачки, но шолјата кафе и шолјата чај се држат на различен начин. Додека држите шолја чај, никогаш не треба да го виткате показалецот околу рачката. Средниот прст треба да го поддржува показалецот и да се наоѓа под рачката.
Правилниот начин на држење кафе е сосема поразличен. Потребно е да го извиткате показалецот околу рачката, а палецот да го ставите на врвот од рачката. Останатите 3 прсти свиткајте ги кон дланката.
3. Кога имате потреба да го издувате носот
Најдобро е да го издувате носот доволно брзо и тивко, за другите да не забележат. Доколку сепак сметате дека ќе бидете гласни, најдобро е да отидете некаде каде што ќе бидете сами. Најстрогото правило е за дување нос за време на вечера. Немојте никогаш да го правите тоа додека сте на маса, дури и ако сте со најблиските пријатели. Одете во тоалетот, издувајте го носот, измијте ги рацете и вратете се назад.
4. Кога имате храна во забите
Немојте да употребувате чепкалка за заби на масата. Доколку забележите дека имате храна во забите, исплакнете ја устата тивко. Доколку и тоа не е успешно, одете во тоалетот.
Доколку забележите дека некој друг има нешто на забите, би требало да му кажете, но осигурете се дека нема да слушне никој друг.
5. Откопчан патент
Доколку забележите дека сте го заборавиле патентот, тргнете се настрана и закопчајте се. Доколку не сте во можност да се тргнете од гужвата, направете го тоа дискретно.
Доколку забележите откопчан патент кај некој друг, кажете му, но обидете се да не ве слушне никој друг. Истото важи и ако забележите дека некому му се гледа етикетата од облеката.
6. Доколку колегата мириса непријатно
Некои компании имаат строги правила за хигиена, па не се дозволени храна и парфеми со силен мирис. Но доколку имате колега кој не сака да ги следи правилата, потребно е да преговарате. Замолете го колегата да ве ислуша и кажете му дека разговорот можеби ќе биде непријатен. Продолжете со зборување само ако личноста се согласи да ве ислуша и внимателно кажете го проблемот додека сте насамо.
7. Жешка храна
Ако сфатите дека храната е жешка дури кога ќе ја ставите во уста, немојте да го плукате залакот, ниту пак да дишете со отворена уста. Доволно е да се напиете малку вода, или кој било друг пијалак. Исто така, непристојно е да дувате во вашата чинија, па најдобро е да ја почекате храната самата да се излади.
8. Шефот ви обрнува премногу внимание
И мажите и жените можат да бидат жртви на сексуално малтретирање на работното место. Доколку сте соочени со ваков проблем, немојте да молчите и да се плашите. Кажете му на шефот дека неговите или нејзините комплименти се непријатни. Доколку не функционира, пожалете се кај неговиот надреден.
Понекогаш е тешко да се разликува вознемирувањето од комплиментите:
- „Изгледаш одлично во фустанот!“ е комплимент
- „Твојот задник изглед одлично во фустанот!“ е непристојно однесување
9. Кога сакате да направите селфи
И за правењето селфи фотографии постојат неколку правила. Секогаш побарајте дозвола, дури и ако правите фотографија со најдобриот пријател. Веќе знаете дека секој сака да изгледа добро на фотографиите.
Исто така немојте да правите селфи фотографии во тоалети, во екстремни или опасни ситуации или во близина на несреќи. Ова се знаци на лоши манири, па дури и суровост.
10. Кога треба да ја поделите сметката со пријателите кои изеле повеќе од вас
Иако можеби не е фер да натерате некој да плати за цел оброк што не го изел, истовремено е непријатно да го истакнете ова пред пријателите. Само додајте ја приближната вредност на вашиот оброк, заокружете ја на поголема сума и оставете ги парите. Не заборавајте дека кога минувате време со пријателите, можеби најдобро е еднакво да ја поделите сметката.
11. Правење разлика помеѓу бремена и дебела жена
Ослободувањето на местото за бремена жена е важно правило. Но може да настане навистина непријатна ситуација доколку помешате бремена и дебела жена. Овие знаци можат да ви помогнат:
- Најчесто бремените жени не носат високи потпетици и нивните глуждови обично се потечени
- Обрнете внимание на држењето на телото. Доколку жената се држи за долниот дел од грбот и ја префрла тежината од една нога на друга, најверојатно е бремена
Доколку сепак не сте сигурни, најдобро е само тивко да го напуштите местото за жената сама да одлучи дали ќе сака да седне.
12. Скинати панталони
На Интернет можете да најдете безброј совети доколку сте во ваква ситуација – можете да се обидете да ја сокриете дупката или да побарате помош. Во овој случај постои само едно правило – никој не мора да знае дека сте ги скинале панталоните и обидете се да ја сокриете долната облека доколку се гледа.
Погледнете ги и бонтон правилата за на маса кои веројатно не сте ги знаеле.