12 навики на емоционално интелигентните луѓе (кои можете да ги практикувате уште сега!)
Емоционалната интелигенција не е нешто што секој го има, но е нешто што секој може да го постигне. Овој термин е релативно нов и станал популарен околу 1995 година. Може да има разни значења за различни луѓе, но најшироко прифатената дефиниција е: Способноста да ги препознаете и да се справите со вашите и емоциите на другите.
Постојат неколку одлики на емоционалната интелигенција. Овде спаѓаат свесноста за вашите емоции, способноста да ги користите емоциите за решавање на проблеми и способноста да се справите со вашите и со емоциите на другите. Погледнете ги овие 12 навики на емоционално интелигентните луѓе кои можете да ги применувате со цел да ја зголемите вашата сопствена емоционална интелигенција.
1. Тие не се навредуваат лесно
Емоционално интелигентните луѓе знаат како да прифатат критика. Тие се способни да разговараат за потешки теми без да бидат повредени бидејќи можат да ги контролираат нивните реакции.
2. Тие се позитивни и оптимисти
Овие луѓе многу ретко се однесуваат или зборуваат негативно. Тие се опкружуваат со позитивни луѓе и го вадат најдоброто од секоја ситуација.
3. Тие се грижат за животот на другите
Ако емоционално интелигентна личност ве праша како сте или што се случува во вашиот живот, тие навистина се грижат. Тие не поставуваат прашања само колку да почнат мал разговор, туку се грижат за вас и сакаат да знаат дали може да ви помогнат.
4. Тие се простуваат од минатото
Тие не се задржуваат на лошите моменти ниту пак им е жал за нешто. И овие луѓе прават грешки, но тие учат од нив и продолжуваат со животот. Не се грижат премногу за иднината и живеат во сегашниот момент.
5. Тие водат со примери
За емоционално интелигентните луѓе не е доволно само да му кажат на некој што прави. Тие ги валкаат своите раце и покажуваат како нешто треба да се направи.
6. Се стремат кон успех
Тие се свесни дека совршеноста е невозможна, но ќе направат сè за да се доближат до неа. Учат од секој нивен неуспех и го користат за нивно подобрување.
7. Разбираат, но не се приврзуваат
Тие ќе ја ислушаат вашата тажна приказна и ќе се сочувствуваат со вас, но нема да се приврзат за вашата ситуација. Тие знаат како да ви дадат совети и насоки без емоционално да се вклучат, а овие совети се најдобри.
8. Си поставуваат граници и се држат до нив
Тие се свесни за ризикот кој произлегува од гледање со колега од работа, па не го прават тоа. Тие си поставуваат цврсти граници и се држат до нив без да бидат груби или да навредат некого.
9. Нивните конструктивни критики се навистина од голема помош
Некои луѓе не можат да поднесат критикување, но ова не важи за емоционално интелигентните луѓе. Тие сакаат кога некој им кажува како можат да се подобрат и секоја критика ја гледаат како можност за нивно подобрување.
10. Се извинуваат
Тие можат да препознаат кога направиле некоја грешка и секогаш ќе се обидат да ја исправат. Кога се извинуваат, тие навистина го мислат тоа.
11. Тие ги регулираат нивните емоциите
Овие луѓе можат да останат смирени и во тешки, емоционални ситуации. Тие многу ретко претеруваат бидејќи можат да ги контролираат нивните емоции и никогаш не дозволуваат да бидат надвладеани од нив.
12. Не се плашат од промена
Емоционално интелигентните луѓе се свесни дека во некој момент ќе се случи некоја промена и се помирени со тоа. Тие ја гледаат промената како можност за учење, растење и подобрување.
Дали после читање на листава сте сигурни дека сте емоционално интелигентни? Ако одговорот е позитивен, одлично за вас! Ако е негативен, можете уште веднаш да почнете да ги применувате овие навики кои ќе го подобрат квалитетот на вашиот живот.
Погледнете ги и знаците кои ќе ви кажат дали треба да поработите на вашата емоционална интелигенција.