12 намирници за борба против уринарните инфекции

12 намирници за борба против уринарните инфекции

Храната која ја јадеме, односно молекулите кои се создаваат кога ја вариме влијаат врз растот на бактерии во нашиот уринарен тракт. Затоа оние кои имаат проблеми со уринарните инфекции би требало малку да ја прилагодат својата исхрана.

12-namirnici-za-borba-protiv-urinarnite-infekcii

Медицинските научници од Вашингтон го истражувале создавањето на уринарни инфекции. Тие воочиле дека урината на некои луѓе е поотпорна на бактериите затоа што внесуваат одредени супстанци од храната (директно или кои се резултат од варењето), вклучувајќи го и железото и минералите потребни за растење.

Хранливите состојки што му помагаат на телото во борбата против уринарните инфекции се наречени полифеноли. Тоа си силни антиоксиданси, а во дигестивниот систем се претвораат токму во тие супстанци кои го спречуваат растењето на бактериите.

Намирниците со големо ниво полифеноли се:

  • Свежи боровинки и сок од боровинки
  • Незасладен сок од брусница
  • Незасладен јогурт
  • Црн чај
  • Црно чоколадо

За да не ја намалите pH вредноста на вашата урина и да им помогнете на бактериите да растат, во текот на инфекциите би требало да избегнувате газирани пијалаци и исхрана со големо ниво животински протеини.

Експертите нагласуваат дека и големите дози витамин Ц внесени низ вештачките додатоци во исхраната се исто така лоши, но затоа природните извори на тој витамин се и тоа како пожелни. Тоа не значи дека морате да јадете само цитруси. Никако немојте да заборавите на зеленчукот богат со витамин Ц како кељ, прокељ и брокула.

Освен витамин Ц, на вашиот уринарен тракт за борба против инфекциите му е потребен и витамин А кој може да го пронајдете во морковот и дињата. Во својата исхрана задолжително внесете и лук, кој благодарение на неговите силни антибактериски својства служи како природен антибиотик за разни облици на инфекции.

Добро е да знаете и дека сода бикарбоната помага при лекување уринарни инфекции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар