12 начини како да си го разубавите секојдневието
Среќата е тука, околу нас. Може да одберете да ја доживеете или да ја игнорирате. Напати не ни се потребни големи нешта за да уживаме во животот, напротив, малите работи умеат брзо и лесно да ни донесат насмевка на лицата. Ова се 12 нешта кои ќе ви го разубават секојдневието, ќе направат да се чувствувате среќно и исполнето без да вложите многу труд за својата благосостојба.
1. Собирајте нешто
Како мали собиравме сликички или шарени салфетки. Паметите колку тие наши колекции нè правеа среќни? Кој ви вели дека само затоа што сте пораснале, не можете да направите колекција од вашите омилени нешта? Може тоа да бидат шолји за кафе, интересно декорирани чинии, чаши, разгледници… Секогаш кога ќе ја збогатите вашата колекција ќе се чувствувате како да сте направиле навистина голема работа. Поседувањето на колекција од вашите омилени нешта навистина ќе ви донесе насмевка на лицето, а воедно, би можеле да ја оставите како наследство за идните генерации.
2. Играјте детски игри
Играјте игри со вашите деца, брат или сестра, децата од соседството или пак со вашите роднини, придружете им се и следете ги нивните правила. Не грижете се за тоа како изгледате или пак дека времето би можеле да го искористите на многу попродуктивен начин. Ќе им донесете насмевка на нивните лица, а воедно ќе си направите добро себеси. Оставете да ве понесе детската игра, целосно влезете во нивниот свет и за миг заборавете дека сте возрасни. Доколку бегаат од Баба Рога, почнете да трчате и вие!
3. Поправете нешто
Скршена чинија или расипана врата, сеедно, поправете нешто во вашиот дом. Поправањето е секогаш пат до спокој. Веќе одамна имате на ум дека треба да закрпите парче облека или да поправите апарат во домаќинството? Сторете го тоа денес.
4. Помогнете и бидете корисни
Вашите соседи го реновираат домот? Бидете им од помош макар на 15 минути. На старата комшивка ѝ треба помош со кесите? Намалете ѝ го товарот. Обрнувањето внимание на туѓите потреби не значи мешање каде не ви е работа ниту пак значи залудно трошење време. Тоа е интеракција со вашите блиски и пружање помош која еден ден и вам може да ви затреба.
5. Погрижете се за вашата градина
Искосете ја тревата, навадете ги цвеќињата, покажете грижа за растенијата во вашиот дом и двор. Ќе си го разубавите местото на живеење и за миг ќе се оттргнете од мислите кои ве мачат и ви задаваат главоболки.
6. Застанете под ладен туш
Разбистрете си ја главата и отворете ги очите. Ладен туш е токму она што ви треба за да ве размрда и поттикне на акција. Истражувањата покажале дека завршувањето на вашето туширање со стоење под млаз ладна вода ги поттикнува нервите во мозокот кои придонесуваат за благосостојба.
7. Грижете се за домашно милениче
Одвојте време кое ќе му го посветите на вашето домашно милениче, а доколку немате, вдомете куче или маче кое ќе ве дружи кога ќе се чувствувате осамени.
8. Спијте добро
Спиењето е важно за вашето здравје, но и за вашето расположение. Напијте се чаша топло млеко пред да заминете во кревет доколку имате проблем со несоница. Погрижете се вашата спална да е удобно и убаво место. Можеби тивка музика или миризливи свеќи ќе ви помогнат да заспиете полесно.
9. Развеселете го домот
Домот е место каде поминувате значителен дел од денот. Затоа направете го вистински удобно место за живот. Внесете зеленило и направете некаква, макар и најмала промена. Особено обрнете внимание на просторијата каде минувате најмногу време и каде сте најпродуктивни. Средете ја по ваш вкус и ваша замисла.
10. Разгалете се
Поминете макар 10 минути во када со топла вода и пенлива купка. Прочитајте добра книга и изедете го чоколадниот колач кој е вашето слатко задоволство.
11. Смејте се
Наидовте на смешна слика, клипче или пак комична сцена од филм? Смејте се долго и од срце. Нема правило кое ви наведува колку секунди треба да се смеете.
12. Бидете љубопитни
Љубопитните секогаш откриваат нови нешта и наидуваат на нови интересни работи. Можеби ќе пронајдете ново хоби или интерес. Заминете на театарска претстава, одберете книга која е различна од сè што досега сте прочитале, зачленете се во клуб, пробајте нов вкус на сладолед… Откривањето нови работи и правењето промени во животот е највозбудливото нешто.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.