12 начини да направите вашата партнерка да се чувствува сакано
Научете како да се однесувате, како да се грижите и како да ја сакате вашата партнерка. Не дозволувајте да биде предоцна. Грешките кои сте ги правеле досега нека ви бидат лекции за оваа врска. Искористете ги за да научите и да созреете. Искористете го вашето искуство и овие совети кои ќе ви помогнат да ѝ покажете на вашата најмила дека навистина ја сакате.
1. Постојано одвојувајте време за неа
Жената ќе се чувствува сакано ако ја направите приоритет и ако одвојувате време за неа. Премногу мажи вложуваат многу време во жената на почетокот на врската, но тоа престанува кога врската ќе стане посериозна. Како што ви е потребно време за сè што ви е важно во животот, така потребно е време и за вашата партнерка. Излезете заедно, играјте игри дома или пак одете на авантура со пријателите. Ова ќе ѝ помогне да се чувствува важно, згрижено и сакано.
2. Ценете ја
Повеќето жени навистина премногу се грижат за другите, а многу од оваа грижа е игнорирана. Покажете ѝ дека ја цените и речиси сигурно ќе направите разлика во нејзиниот живот. Постојат многу работи кај жените кои не ги цениме доволно, како убавите гестови, нежниот допир, грижата за децата, страсниот бакнеж… Постојат многу работи кај вашата сакана кои треба да ги цените.
3. Дајте ѝ признание
Обидете се да забележите кога ќе направи нешто и кажете ѝ дека навистина го цените тоа. Убав гест, добар збор, или пак многу мал подарок ќе направат да се чувствува ценето. Заблагодарете ѝ се барајќи го она што можете да го цените кај неа.
4. Прифатете ја таква каква што е
Ценете ја нејзината најдобра верзија наместо постојано да ја потсетувате за нејзините недостатоци. Наједноставниот начин да љубите жена е да ја прифатите таква каква што е. Нема потреба да ѝ кажувате дека не ја бива за нешто. Општеството веќе со генерации им кажува на жените што да јадат, што да прават, како да изгледаат… Нема потреба и вие да го правите тоа. Кажете ѝ дека ја сакате безусловно и целосно прифатете ја онаква каква што е.
5. Престанете да се обидувате да ја промените
Кога ќе ја прифатите таква каква што е, мора да заборавите на обидот да ја промените на кој било начин. Не можете да очекувате или да барате вашата жена да се однесува по некој ваш принцип во врската. Најдоброто нешто коешто можете да го направите е да ѝ помогнете да стане најдобрата верзија од себе преку разбирање, сочувство и добрина. Наместо да се обидувате да ја претворите во нешто што не е, обидете се и вие да станете најдобрата верзија од себе.
6. Развијте сочувство
Дел од прифаќањето е и сочувството. Ова значи да ги разберете нејзините предизвици и проблемите со кои се соочува секојдневно. Ова значи да бидете присутни и да можете да ѝ простите. Не мора постојано да биде во право, едноставно дозволете ѝ да ги прави работите кои ги сака. Обидете се да се ставите на нејзино место. Погледнете ја ситуацијата од нејзина перспектива. Понекогаш доволно е само да ѝ оставите простор и да ја поддржите.
7. Ислушајте ја
Жените, за разлика од мажите, сакаат да се искажат преку разговор. Ова споделување за нив е начин на љубење. Сè што треба да направите е да ја слушате, без да се обидувате да ја поправите или да ѝ помогнете. Луѓето обично сакаат да одговорат на сè, но обидете се само да ја слушате без да нудите совети.
8. Покажете отвореност и искреност
Ако сте искрени со неа, вашата жена ќе се чувствува навистина сакано. Искрените и отворени разговори, длабоките и интимните мисли прават жената да се чувствува безбедно. Жените можат да се справат со сè што ќе им кажете, но кога ја криете вистината од нив тие се чувствуваат повредено и предадено.
9. Бидете ранливи со неа
Жените се чувствуваат сакано кога со нив ќе ги споделите вашите чувства и искуства, и лоши и добри. Тие не сакат да ја слушнат секоја ваша грижа и секој ваш страв, но сакаат да ги знаат вашите предизвици. И тие сакаат да бидат овде за вас и да ви помогнат. Жените разбираат колку им е тешко на мажите да се отворат, па кога ќе го направите ова таа ќе се чувствува навистина посебно.
10. Обидете се да бидете подобар партнер
Најдоброто нешто што можете да го направите за неа и за вас е да станете најдобрата верзија од себе. Учете, созревајте и работете на вашето подобрување. Отстранете ги лошите навики, станете емоционално посилни и бидете поранливи. На овој начин ќе станете подобар партнер во врската. Кога ќе станете подобра личност, и вашата партнерка ќе има придобивки.
11. Покажете внимание со мали гестови
Нема потреба од скапи подароци и егзотични патувања за да ја импресионирате. Малите гестови на внимание се многу помоќни од ова. Обидете се да го направите нејзиниот живот полесен, помогнете ѝ кога ѝ е потребно и со ова ќе ѝ покажете колку всушност ја сакате. Без разлика дали ќе ги измиете садовите или ќе ја средите вашата облека, вашата партнерка сигурно ќе го цени тоа.
12. Опсипете ја со слатки работи, внимание и чоколадо
Жените сакаат да бидат ценети и љубени со зборови. Не мора да пишувате поеми или јавно да ја искажувате вашата љубов. Доволно е да ѝ оставите мала порака на која ќе ѝ напишете дека ја сакате. Прегрнете ја и допрете ја како што сака. Правете работи во кои таа ужива. Бидете свесни за нејзините чувства. И да, изненадете ја со чоколадо. Не мора да биде посебна прилика. Не чекајте роденден или годишнина. Денес е најдобриот ден за ова слатко мало изненадување.
Погледнете ги и љубовните совети кои можете да ги научите од вашата мајка.