12 начини да му го разубавите денот на вашиот партнер за помалку од минута
Нели е прекрасно кога ги усреќувате вашите најблиски? Доколку вашиот партнер има лош ден, еве што можете да направите за да му го подобрите расположението.
1. Доколку наутро излегувате порано од вашиот партнер, оставете му слатка романтична порака на перницата. Нема нешто поубаво од будење со слатки и искрени зборови. Така и целиот ден тргнува позитивно.
2. Испратете му/ѝ слатка слика од вас двајцата која инстантно ќе му/ѝ го подобри денот. Бидете сигурни дека веднаш штом ја добие ќе се насмевне.
3. Измасирајте го/ја. Не мора да бидете експерти. Само речете му/ѝ дека ваша должност е да го/ја опуштите по напорниот ден и дека ќе направите сè за да се чувствува убаво.
4. Направете му/ѝ кафе наутро. Сè што треба да направите е да се разбудите 5 минути порано и да подготвите топло и вкусно кафе.
5. Испратете му/ѝ слатка покана за нешто што ќе се случува истата вечер. Знаењето дека го/ја чека изненадување прави побрзо да мине работниот ден. Може да купите влезници за во кино или да резервирате маса во добар ресторан, или пак да подготвите романтична вечера дома.
6. Влезете во собата, бакнете го/ја и излезете и продолжете со работа. Така на вашиот партнер му давате до знаење дека без разлика колку сте зафатени секогаш ќе најдете време за него.
7. Вратете се дома со шише вино и наздравете без некоја посебна причина. Потоа пуштете филм и резервирајте ја вечерта за вашиот/ата сакан/а.
8. Јавете му/ѝ се на работа. Повикот нека биде краток. Така ќе му/ѝ ги оттргнете мислите од работата макар на минута, кажувајќи му/ѝ дека го сакате и ви недостига.
9. Испратете му/ѝ романтична песна со убав текст. Иако долго време сте заедно, убаво е да има на ум дека вашата љубов сè уште пламти и дека негувате убави чувства еден за друг. Ова е посебно убаво доколку долго време сте во брак и одбирате да го разнежните партнерот кога најмалку очекува.
10. Поканете ги на танц. Пуштете песна и танцувајте дома. Не мора да има посебна причина ни прилика. Сами направете го моментот убав и незаборавен.
11. Направете трка. Кој побрзо ќе подготви сендвич или кој побрзо ќе го изеде сендвичот. Можеби ви звучи незрело, но навистина ќе му/ѝ помогнете да ги оттргне мислите од лошиот ден.
12. Подарете ѝ цвет на саканата. Нема потреба од зборови. Само еден цвет е доволен за одеднаш да огрее сонце од зад облаците.