12 начини да дојдете до поздраво тело без да ви се наруши распоредот
9. Медитирајте
Иако медитацијата нема да ги согори вишокот калории во вашето тело, таа ќе развие поголема самоконтрола која ќе ви помогне да не се прејадете. Не дозволувајте да потпаднете на хормоналното јадење. Можеби е тешко да се постигне, но кога ќе легнете вечерта, барем нема да мислите на сета храна која беспотребно ја изедовте. Напротив, ќе се гордеете што сте се почитувале себеси и сте останале на одлуката за новиот начин на живот.
Освен самоконтролата, ќе успеете да го контролирате вашиот мозок. Извесни студии покажуваат дека на резултатите од магнетна резонанца кај луѓе кои медитираат само 20 минути дневно, се гледа зголемена сива материја во делот од мозокот кој е одговорен за меморија, емпатија, стрес и развој на личноста.
Медитацијата им помага на мозокот и телото на толку многу начини. Сепак, не можете да имате здраво тело ако мозокот не ви е во оптимална состојба. Тајната за долг и среќен живот е во пронаоѓање баланс помеѓу мозокот и телото. Исто како што сите сме некако поврзани, врската мозок-тело е основата на тоа како размислуваме, како чувствуваме и како реагираме на одредени ситуации.
10. Дајте си слободен ден
Не очекувајте дека ќе бидете продуктивни, ако целото време го поминувате на работното место. На крајот, толку многу ќе го замразите, што апсолутно ништо нема да сработите. Истото ќе биде ако вежбате и јадете само здрава храна. Заслужувате слободен ден (препорачливо е да тој да биде само еднаш во неделата) за да си ги задоволите потребите, а притоа да не се чувствувате виновно.
Живееме во комерцијализиран свет каде што сѐ е за еднократна употреба, затоа очекуваме дека работите ќе бидат по наша волја и тоа веднаш. Додека ова е добро, сепак може да има и лоши страни. Држете се до вашиот распоред (без разлика каков е) и дозволете си да се релаксирате еднаш во неделата.
Со текот на времето, желбата за штетни работи ќе ви се намали поради летаргичното чувство и чувството на подуеност. Со самото тоа што ќе си дозволите слободен ден, многу повеќе ќе се придржувате на новиот начин на живот.
11. Поминувајте повеќе време голи
Како што спомнавме горе, колку повеќе сте голи, толку повеќе сте свесни за изгледот на вашето тело. А, сигурно нема да одолеете и да не се погледнете во огледалото. Ваквата мотивација ви е потребна за да го подобрите она што не ви се допаѓа. Прифатете ја убавината на вашето голо тело, научете да си ги сакате облините и ако има одредена зона која очајнички сакате да ја променете, направете го тоа. Напредокот ќе го видите само на вашето тело, затоа вежбајте и хранете се здраво. Сето ова е одличен план кој ќе направи да се чувствувате како божица за многу кратко време.
Дури постои и истражување кое покажува дека луѓето кои поминуваат повеќе време голи се посреќни. Кога се гледаме исто онака како што кога сме се родиле ние чувствуваме некоја трошка задоволство.
12. Имајте повеќе секс
Научно докажано е дека сексот е добар за мозокот, телото, па дури и душата. Да не сфатите погрешно: не станува збор за промискуитет или помала почит кон себеси, туку ако има некој посебен во вашиот живот, покажете му колку го цените!
Сексот ослободува ендорфини кои ве прават посреќни и на некој начин го одмараат мозокот. Имате лош ден? Фрлете се меѓу чаршафите, гарантирано е дека барем на кратко, проблемите ќе престанат да ве мачат. Освен што ќе ве зближи со партнерот, сексот е одличен начин за трошење калории. Плус, имате и партнер за тренирање.