12 начини да дојдете до поздраво тело без да ви се наруши распоредот - Part 2

12 начини да дојдете до поздраво тело без да ви се наруши распоредот

3-12-nacini-kako-do-pozdravo-telo-bez-da-go-narusuvate-vasiot-raspored-kafepauza.mk

5. Хранете се поздраво

Кога зборуваме за губење на вишокот килограми или враќање во форма ова е многу добро познато правило. Иако звучи лесно, здравата исхрана повеќето жени ја сметаат за диета. Тоа е погрешно. Не започнувате диета, туку ги менувате животните навики. Замислете го како промена на начинот на кој живеете и видете каде ќе ве однесе таквиот начин на размислување.

Некои од најздравите продукти се и многу вкусни. Боровинки, јагоди… скоро сите зрнести плодови се полни со антиоксиданси, а сепак имаат мал број калории. Овие вкусни овошја исто така ќе ве снабдат со потребните шеќери кои ќе ви дадат дополнителна енергија и јаглени хидрати кои ви требаат за да го преживеете денот.

6. Живејте посреќно

Звучи лесно нели? Ако сите бевме посреќни, светот ќе беше поубаво место за живеење. Ова е вистинито, но малку нереално. Сепак единственото нешто што нѐ спречува да бидеме среќни сме самите ние. Колку сме посреќни и колку е подобра сликата која што ја имаме за себеси, толку сме поздрави. Среќата и здравиот живот се зависни едно од друго и кога ќе ја сфатиме нивната врска, остварувањето на оваа цел е многу полесно.

Како се станува среќен? Глумете среќни сѐ додека не успеете. Дури ако сметате дека ваквиот став нема да ви донесе резултати, верувајте дека ќе успее. Колку повеќе се смеете толку ќе бидете посреќни. Но, ова е само првиот чекор. А да не забораваме и на ефектот кој го имате врз другите луѓе со самото тоа што ќе се насмеете. Некогаш, без да знаете можеби и ќе разубавите нечиј ден. Пробајте.

5-12-nacini-kako-do-pozdravo-telo-bez-da-go-narusuvate-vasiot-raspored-kafepauza.mk

7. Визуелна мотивација

Иако звучи како клише, сликите на кои има други луѓе кои успеале да си ги постигнат своите цели, навистина ќе ве поттикнат што е можно повеќе да работите на себе. Но, сепак немојте да претерате. Не можете да очекувате да изгледате како ковчест модел, ако немате таква форма на телото. Таквите мисли најдобро е да ги избркате од вашата глава.

Наместо да се ставате под преголем притисок, изберете реални слики и цели кои нема да бидат невозможни за исполнување и кои му соодветствуваат на типот на вашето тело. Ако сте со потешка градба или имате потешки коски прифатете се! Вие сте вие и ништо не е поубаво од жена со самодоверба. Да бидеме искрени: на мажите и воопшто не им се допаѓаат девојките кои ние секојдневно ги гледаме во списанијата. Според нив, еквивалент на ова би било спиење со костур. Ама баш никој не го сака тоа.

Плус, ставете визуелна мотивација на ѕидовите, направете пано или следете луѓе на Инстаграм кои веќе си ги постигнале своите цели (ако можат тие, можете и вие!) за постојано да се потсетувате на вашата цел и да се замислувате какви сакате да бидете.

8. Опколете се со трудољубиви луѓе

Да се соочиме со реалноста: постојат 2 типа луѓе во светот: тие што ги прават работите и оние што само тврдат дека ќе ги направат. Опкружувањето со луѓе кои се спремни да направат сѐ за исполнувањето на нивните цели, ќе ве мотивира и вас да го направите истото.

Фразата: „Ако сте најпаметни и најуспешни од сите пријатели, време е да си најдете нови пријатели“ е многу вистинита. Кога поминувате многу повеќе време со успешни луѓе кои ги имаат истите животни цели како и вие, со текот на времето и вие ќе започнете да се движите по патеката на успехот. Немојте само да ги следите луѓето, туку гледајте да поминувате што е можно повеќе време со луѓе кои можат да ви понудат совети и охрабрување. Дури и на најсилните луѓе некогаш им е потребен поттик. Како луѓе, важно е да се поддржуваме меѓу себе, дури и кога целта е да бидеме здрави.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар