12 начини да дојдете до поздраво тело без да ви се наруши распоредот
Со текот на времето, порано или подоцна сфаќаме дека изреката: „Во здраво тело, здрав дух“ е целосно вистинита. А прашањето „Како да имаме здраво тело и здрав дух?“ е едно од најчестите поврзани со таа тема.
Тоа е нежен баланс помеѓу двата делови од човековиот карактер: оној бунтовниот и оној кој прифаќа промени. Навистина, постојат денови кога и самата помисла на фитнес салата ви звучи одбивно и попрво би седеле дома јадејќи чоколадо и би гледале маратон од омилената серија. Во ред е да имате такви денови, но само доколку тоа не ви премине во навика. А, да не забораваме и на вашиот преполн распоред. Затоа, еве листа од работи коишто можете да ги правите, без да ги попречуваат вашите работни активности. Ако ги следите, со текот на времето, и ментално и физички ќе бидете во форма. Еве како да го одржувате телото кога времето и не е баш на ваша страна:
1. Чучнувања во бањата
Ако подобро размислите, времето кое го трошите на средување на косата или кога сакате малку приватност на работното место, може многу попродуктивно да го искористите и да го добиете задникот кој отсекогаш сте го сакале. Иако не можете да имате цел тренинг во тоалетот, но ако вежбате по малку секој ден во неделата, тоа е многу време кое ќе биде правилно искористено.
Еве како изгледа тоа: секој пат кога влегувате во бањата/тоалетот, направете 10-20 чучнувања. Така ќе добиете прекрасен задник, а и ќе вметнете мал тренинг кој ќе ве оттргне од работната монотонија.
2. Исчекор нанапред после туширање
Можеби звучи болно, но додека кожата ви е сѐ уште премногу водена за да се облечете, можете да поработите на вашето тело. Ако редовно ги правите овие две вежби, исто како да сте имале полна тренинг сесија.
Во случај да сакате друга вежба наместо исчекорот, или не сакате да ја правите додека сте голи, можете да ја заменете со нешто поедноставно како подигнување мали тегови за совршено затегнување на рацете. Секогаш кога вежбате голи, станувате многу посвесни за вашиот изглед, таква е човечката природа. Постојат безброј опции, само треба да постои желба и мотивација.
3. Утрински џогинг
Ништо нема да ве расони повеќе од раздвижувањето на телото и излачувањето на ендорфин. Сѐ што ви е потребно се патики за трчање и музика за мотивација. Џогингот е еден од најевтините начини да го доведете вашето тело во форма, минус цената на патиките и плус чистиот воздух кој навистина добро ќе им дојде на вашите бели дробови. Исто така, вашите нозе после еден месец ќе изгледаат како вајани.
Ова е одличен начин да го започнете денот со позитивни мисли: колку повеќе истрчате, толку поголема самодоверба ќе имате. Исто така, преку потта ќе се ослободите од токсините во телото кои се насобрале од нездравата храна и премногу лудување претходната ноќ. Оваа здрава и бесплатна опција со која најбрзо се трошат калориите дури и нема маани.
4. Најдете си кученце
Не сфаќајте погрешно: имањето куче нема веднаш да ве направи послаби, но тоа ќе ве натера повеќе да излегувате и да пешачите. Плус, трчањето/пешачењето заедно со вашето куче ќе ве зближи уште повеќе. Кучињата сакаат да бидат надвор, притоа мора да бидат дресирани. А, ако сакате да го дресирате тоа значи дека и вие треба повеќе да бидете надвор.
Уште една придобивка од малото крзнено пријателче е фактот дека поседувањето на животно ви го издолжува животниот век. Не само што ќе бидете поздрави благодарение на вашето кученце, туку тоа ќе направи и подолго да живеете. Освен ако сте алергични на овие прекрасни суштества, тогаш и нема лоши страни.