12 моќни начини да влезете во подлабоката димензија на животот

12 моќни начини да влезете во подлабоката димензија на животот

Целиот наш живот го поминуваме во брзање. Ние трчаме по нашите желби и неостварени соништа. Привлечени сме од парите, моќта, престижот и среќниот живот. Водени од нашите амбиции, се обидуваме да остваруваме голем број цели и сме инспирирани да се движиме кон напред, постојано наоѓајќи нешто ново кое сакаме да го постигнеме.

12 моќни начини да влезете во подлабоката димензија на животот

Овој начин на живеење е поттикнат од нашиот страв дека сè уште не сме оние кои сакаме да бидеме. Токму затоа и никогаш не сме задоволни и секогаш сакаме повеќе. Тоа води кон губење допир со подлабоките димензии на животот кои се присутни во нашиот живот, но не можеме да ги забележиме бидејќи имаме недостаток на свесност. Па, како можете повторно да допрете до подлабоката димензија на животот? Погледнете ги следниве начини на размислување кои ќе го прошират вашиот ум и ќе ви помогнат да откриете нов начин на постоење…

1. Вие сте бесмртно суштество кое е изгубено во свет на изолација и кое очајно трага по себеси.

2. Со вашиот ум полн мисли, никогаш нема да можете да ја најдете вистината, бидејќи таа се открива само во тивкиот простор на срцето.

3. Надминете го методот на анализирање и категоризирање кој го користи вашиот ум и дозволете му на богатството од вашата автентична личност да цвета во вас.

4. Ако во умот владее мир, тој нема да чувствува страв, завидливост или тага и едноставно ќе почне да се движи по патеката на животот, која нема ниту почеток, ниту крај.

5. Вие можете да го искусите текот на животот во и околу вас само кога сте во состојба на зголемена свесност.

6. Разбудете се и почнете да ги идентификувате вашите мисли и желби, бидејќи само тогаш ќе успеете лудиот свет кој постојано се менува да го скротите во прекрасна игра.

7. Свесноста е вратата која ви го отвора патот кон вашиот живот, кон единството.

8. Свесноста разгорува оган во вас, кој го консумира светот на изолација околу вас.

9. Внимавајте: Разбудената свесност е опасна бидејќи за само еден момент може да ги уништи вашите соништа за спиритуален раст.

10. Првиот подарок на разбудената свесност е кога ќе откриете дека наместо вас, вашиот живот го воделе длабоко вкоренетите програми на вашиот условен ум.

11. Ако барате среќа надвор од себе, вие ќе најдете само моментално задоволство. Среќата е радоста на самото постоење, додека сте присутни во овој момент.

12. Најпривлечниот цвет на вашето вистинско внатрешно постоење е токму благодарноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар