12 митови за ендометриозата поради кои страдаат голем број жени

12 митови за ендометриозата поради кои страдаат голем број жени

Се сметало дека оваа болест е навистина ретка, но едно истражување од 2017-та година открило дека 10% од жените пред менопауза и девојчињата имаат ендометриоза. Ова е еднакво на милиони жени низ целиот свет.

Истовремено, ендометриозата е навистина неразбрана болест. Митовите за оваа состојба постојат и денес и покрај тоа што е очигледно дека е една од најчестите хронични болести кај жените. Овие митови се причина што многу жени со години страдаат од болеста пред да добијат точна дијагноза.

Ендометриозата не е смртоносна болест, но може да предизвика интензивна болка, намалена продуктивност и непотребно страдање. Па, дознајте кои се најчестите митови поврзани со оваа болест.

1. Ендометриозата е само лоша менструална болка

12 митови за ендометриозата поради кои страдаат голем број жени

Ова е еден од најчестите митови. Во реалноста ендометриозата е хронична болест во која ткиво слично на она во матката расте во други делови од телото. Ова може да предизвика и други компликации кои се многу полоши од менструалните болки.

2. Ендометриозата ја напаѓа само матката

12 митови за ендометриозата поради кои страдаат голем број жени

Растењето на ткивото обично почнува околу матката. Но, може да се прошири и на останатите делови од телото како дебелото црево, колковите, јајниците, па дури и белите дробови.

3. Болката се јавува само за време на или околу менструацијата

12 митови за ендометриозата поради кои страдаат голем број жени

Многумина мислат дека ендометриозата се јавува за време на или кратко пред менструацијата, исто како ПМС. Но, многу од пациентите имаат болка и за време на овулација, а некои жени ги чувствуваат симптомите и во текот на целиот месец.

4. Ендометриозата е поради одложување на бременоста

12 митови за ендометриозата поради кои страдаат голем број жени

Нема никаков доказ за овој мит. Експертите сè уште го немаат откриено коренот на болеста, но најверојатно се абнормалности во менструалниот циклус.

5. Ендометриозата се лекува со забременување

12 митови за ендометриозата поради кои страдаат голем број жени

Промената во хормоните може да ги потисне симптомите или да го забави растењето на ткивото. Но ова не значи дека бременоста ја лекува болеста, туку дека може само привремено да ве ослободи од симптомите.

6. Болеста може да се лекува со пилули за контрацепција

12 митови за ендометриозата поради кои страдаат голем број жени

Пилулите за контрацепција често се препишуваат како третман за болните симптоми од ендометриозата. Но, хормоналната терапија не е лек. Засега уште нема лек за оваа болест и единствената опција што постои е операција.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар