12 нешта кои ни покажуваат зошто е одлично да се има дечко

12 мали нешта кои ни покажуваат зошто е одлично да се има дечко

Да се биде во љубовна врска е навистина уникатно доживување кое со себе си носи многу придобивки. Вие во вашиот партнер имате љубовник, пријател и личност која е вашата најголема поддршка. Зарем има нешто подобро од тоа? Па, погледнете кои се најдобрите 12 нешта кои сите ги искусуваат во новите љубовни врски…

12 нешта кои ни покажуваат зошто е одлично да се има дечко

1. Заборавете на чудниот прв секс во кој никој од вас не знае што сакате. Иако секогаш можете да налетате на изненадувања дури и во врската, сепак шансите дека некој случајно ќе ве искубе бидејќи се потпрел со својот лакт на вашата коса се незабележително мали.

2. Доколку тој не ви одговори веднаш на пораката, не почнувате да паничите дека никогаш повеќе нема да го видите. Вие претпоставувате дека тој е зафатен и дека ќе ви одговори кога ќе биде послободен, што и најчесто е вистина.

3. Тој ќе биде тука секогаш кога ќе имате потреба некој да ви го закопча фустанот од позади. Вие повеќе не мора да се борите со фустанот и да правите чудни акробатски движења со цел да го закопчате патентот сами.

4. Вие секогаш ќе имате личност со која можете да ја поделите храната. Доколку сте се прецениле и сте мислеле дека можете да изедете сè што сте порачале не мора да се грижите дека таа храна ќе остане или ќе се фрли бидејќи вашето момче со задоволство ќе ви помогне.

5. Од друга страна пак, ако сте сè уште гладни можете да позајмите од неговата чинија. Тој сигурно со радост ќе ја сподели неговата храна со вас.

6. Заборавете на онлајн состанувањето. Вие никогаш не можете да процените каков е некој во реалноста доколку го знаете само онлајн, па затоа и овие состаноци најчесто завршуваат катастрофално. Но, сега имате личност која целосно ја познавате и која ви се допаѓа во секој поглед.

7. Без разлика во колку срамна ситуација ќе влезете, тој сè уште ќе ве гледа како најпрекрасната личност во својот живот. Тој не ве суди и целосно ве поддржува бидејќи ве познава онакви какви што навистина сте.

8. Тој е вашата поддршка за време на фамилијарните собири. Изгледа сите ваши роднини се многу поблаги кон вас кога гледаат дека конечно имате момче кое им се допаѓа покрај себе. Токму затоа и повеќе не сте главната тема на разговор, која сега ѝ припаѓа на некоја од вашите братучетки.

9. Можете да одите на двојни состаноци со вашата најдобра пријателка. А на тој начин и да поминувате уште повеќе време со неа од претходно.

10. Секогаш ќе има некој кој ќе ви стави лајк на вашето селфи. Вие можете слободно да објавувате слики од себе без стравот дека ќе имате 0 лајкови.

11. Денот на вљубените конечно ви добива смисла. Можеби дури и ќе почнете со нетрпение да го чекате бидејќи покрај вас имате личност која навистина ви се допаѓа и затоа сакате да го прославите тоа.

12. Костими за парови за маскенбал. Вие можете да ја пуштите вашата креативност да лета слободно и да направите костими кои ќе привлечат огромно внимание. Доколку вашите пријатели никогаш не ве поддржувале во вашите идеи за групно маскирање, сега конечно ќе можете да си го остварите вашиот сон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар