12 логични причини зошто жените сакаат постари мажи

12 логични причини зошто жените сакаат постари мажи

Познато е дека жените сакаат позрели мажи, па со оглед на тоа што тие созреваат побавно воопшто не е чудно што дамите се одлучуваат за исклучително постари мажи. Овој тип врски најчесто е мета на осудувања и предрасуди, а всушност причините поради кои се случува се многу логични. Експертите велат дека постојат точно 12 причини зошто жените сакаат постари мажи, а ние ви ги пренесуваме во кратки црти. Прочитајте ги и размислете, тие се сосема легитимни…

1-a-ne-se-parite-12-prichini-poradi-koi-zhenite-sakaat-postari-mazhi-www.kafepauza.mk_

1. Постарите мажи не дозволуваат стравот да ги спречи во исполнувањето на своите цели.

2. Тие не ги прават нештата за да ги задоволуваат другите, туку за да се исполнат себеси.

3. Постарите мажи се свесни за човечката несовршеност, па не фантазираат за совршена жена.

4. Не ги збунува тоа што партнерката ќе го направи или ќе го каже, бидејќи редовно и отворено комуницираат и добро ја познаваат жената што ја имаат крај себе.

5. Не ги помнат решените проблеми и во ниту една ситуација не се навраќаат на нив откако еднаш биле разговарани.

6. На постарите мажи изгледот не им предизвикува несигурност.

7. Не дозволуваат никој да ги понижува или да ги малтретира.

8. Не се плашат од предизвиците и редовно преземаат ризици за да го унапредат својот живот.

9. На работата не гледаат како нешто досадно што мораат да го истрпат.

10. Не се плашат да донесат тешки одлуки, па често ги инспирираат и партнерките во истото.

11. Не си поставуваат нереални цели – постарите мажи стојат цврсто со нозете на земјата.

12. Не се импулсивни и не дозволуваат егото да управува со нив.

Звучат одлично, се согласувате? Прочитајте ги и овие 7 причини зошто постарите мажи се подобар избор за љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар