12 лекции кои ќе ги научите откако другите ќе ви го свртат грбот!
Почнете да барате одговори во себе наместо да барате одобрување и решенија од другите. Научете да се справувате со осаменоста. Прифатете ги вашите мисли и стравови и само на тој начин ќе станете бестрашни.
1. Сфаќате дека луѓето понекогаш нема да го разберат она што се обидувате да им го објасните сè додека не им се случи истото.
2. Кога ќе сфатите дека само вие можете да си помогнете себеси, ќе ви биде полесно да ги решите проблемите.
3. Полесно ви е кога не зборувате за некои работи, бидејќи потсвесно почнувате да очекувате да се случат и се разочарувате доколку не се остварат.
4. Сфаќате дека вистинските пријатели се препознаваат во тешките времиња.
5. Сфаќате дека некои од вашите најдобри пријатели не ја познаваат вашата вистинска личност, туку само дел од вас. Со други зборови, ве сакаат кога сте среќни, но не и кога сте тажни.
6. Почнувате да ја преземате одговорноста за сопствениот живот. Ако работите не се одвиваат како што треба, сфаќате дека вие сте одговорни и не ги обвинувате другите луѓе за вашиот неуспех. Учите како да ги водите битките бидејќи не се сите на ваша страна.
7. Учите да не ги сфаќате работите лично и да бидете силни кога сте сами.
8. Учите да се справувате со осаменоста. Ги прифаќате вашите мисли, вашата конфузија и вашите стравови. На крајот станувате бестрашни.
9. Почнувате да разбирате дека секој има улога во вашиот живот, а некои луѓе и немаат толку важна улога. Некои од нив се тука само привремено и нема да ви бидат пријатели до крајот на животот.
10. Станувате повнимателни кога се во прашање љубовните врски. Веќе немате толку доверба во другите и знаете како да поставите граници во односите со нив.
11. Сфаќате дека понекогаш е подобро да не им кажувате на луѓето сè за себе бидејќи никогаш не знаете како и кога ќе го искористат тоа против вас.
12. Сфаќате дека можете самите да се издигнете по секој неуспех и дека не треба да се потпирате на никого.
Откако прочитавте кои лекции ќе ги научите откако другите ќе ви го свртат грбот, можеби ќе сакате да прочитате и зошто ни се корисни моментите на тишина и осаменост.
Извор: atma.hr