12 квалитетни особини на големите лидери
Ова се дел од квалитетните карактеристики на големите лидери кои ќе ве мотивираат да бидете успешни и остроумни водачи.
1. Големите лидери носат тешки одлуки и ја преземаат одговорноста за последиците
Секоја одлука во нашите животи носи последици. Кога лидерите носат одлуки, тие се подготвени да се сносат со секакви последици, бранејќи ги своите ставови. Големите лидери ги признаваат своите порази, учат од своите грешки, и продолжуваат да работат внимавајќи да не ги повторат грешките.
2. Се концентрираат на крајниот исход
Првиот претседател на Јужноафриканската република, Нелсон Мандела, продолжи да се бори против апартхејдот, дури и по отслужувањето на 30-годишната затворска казна. Големите водачи знаат да преземаат ризици и да се жртвуваат, но секогаш остануваат цврсто на својот став, фокусирајќи се на крајниот резултат.
3. Фокусирани се на иднината, свесни се за сегашноста и учат од минатото
Големите лидери учат од туѓите, како и од своите грешки од минатото. Сосема се свесни и гледаат да го искористат сегашниот момент, но секогаш имаат јасен план за тоа каде сакаат да се движат во иднина. Со својата организираност, имаат моќ да предвидат што би се случувало во иднина и секогаш се спремни за нови предизвици.
4. Имаат способност да го одделат она што е важно од она што не е
Умеат да ги игнорираат сите оние гласови кои им кажуваат дека не би можеле да успеат и се фокусираат на она што ги мотивира за понапред и за повеќе. Одделувајќи ги важните од неважните работи, тие ќе одбијат да потрошат време на нешто од што е јасно дека нема да добијат позитивен исход или нешто што залудно им го одзема времето.
5. Вистинските лидери се визионери
Успешните лидери секогаш гледаат надвор од кутијата, ги надминуваат границите и поставуваат нови граници. Целат кон она што навидум изгледа невозможно и никогаш не се сомневаат во себе. Нема да им се покорат на нормите поставени од општеството бидејќи знаат дека тие умеат да бидат различни. Секоја наметната забрана ја сметаат за предизвик.
6. Посветени ѝ се на етиката
„Нашите животи започнуваат да завршуваат кога молчиме за оние нешта кои се важни.“ – Мартин Лутер Кинг
Кога големите лидери ќе видат дека нешто не е правилно и коректно, нема да го свртат погледот туку ќе се потрудат да го поправат.
7. Се трудат да го подобрат човештвото
Се водат според принципот „остави повеќе отколку што ќе земеш“. Тие се фокусирани на целината која ја формира човештвото и се трудат целата таа целина да оди понапред. Нивните соништа се големи, но исто така и нивните успеси. Ќе направат онолку колку што можат. Ќе ги мотивираат луѓето, ќе им дадат до знаење дека сите ние ја имаме моќта да промениме толку многу нешта, и можеби нема да променат сè, но со сигурност ќе допрат до нечие срце.
8. Знаат како да комуницираат со својата публика
Нивното однесување е рационално и промислено. Свесни се дека не се сите луѓе исти и затоа одбираат различни начини на пристап. Најважно од сè, никогаш не се поставуваат како апсолутно супериорни бидејќи свесни се дека така можат да научат многу нешта од другите, и да стекнат доверба во нечии очи.
9. Свесни се за своите како и за туѓите силни и слаби страни
Да се биде лидер на што било, значи да се доделуваат задачи и да се прават планови. Еден лидер никогаш нема да биде успешен доколку не знае да ја раководи својата група според способностите на секој поединец.
10. Се потпираат на својата интуиција
Не секогаш, но некогаш ја слушаат својата интуиција, внатрешниот глас кој им кажува дали нештото треба да се стори или не. Секако дека големите одлуки ги донесуваме во целосно трезвена состојба, но за многу нешта ни помага внатрешниот глас во секој од нас.
11. Тие се водени од некој кој го сметаат за пример
Иако се водачи, знаат дека не се семоќни. Во животот ќе ги одберат вистинските личности на кои ќе им се восхитуваат. Оние кои го минале истиот пат пред нив. Ќе се раководат од нечии грешки и успеси, земајќи ги како пример.
12. Примарна цел не им се парите туку хуманоста
Многу од нас се лидери, дури дел од нас не се ни свесни колкава одговорност имаат. Можеби сте учител/ка, постар/а брат/сестра во семејството и слично, така што секогаш е корисно да се потсетите дека вие всушност сте лидери и дека некој се огледува на вас. Затоа правилно преземете ја одговорноста. Фокусирајте се на благосостојбата на другите и за брзо ќе станете свесни како тоа прави да се чувствувате добро. Да, парите и моќта се важни, но кога нештото го правиш со љубов и целосна посветеност, но пред сè со човечност, сè останато ќе си дојде на свое место.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.