12 корисни трикови што се учат за неколку минути, но кои можат да ви го олеснат секојдневието
Сите ги сакаат оние едноставни и лесни трикови кои го олеснуваат секојдневниот живот, особено кога можат да се научат за само неколку минути. Иако 60 секунди изгледаат како недоволно време за да се совлада некоја нова техника или вештина, сепак би се изненадиле кога ќе погледнете што сѐ можете да научите за толку мал период. Во продолжение прочитајте ги овие 12 брзи трикови кои ќе ви ги олеснат секојдневните обврски.
1. Запрете ја кивавицата
Добро познатиот трик кога го затнувате носот со прстите не е единствениот кој може да се употреби кога сакате да ја запрете кивавицата. Исто така, можете да го дувнете носот пред да кивнете бидејќи така ќе ги исчистите синусите што е и главната причина за појавата на кивавица. Потоа, можете да ја штипнете горната усна со вашиот палец и показалец, каде палецот ќе биде кај едната ноздра, а показалецот кај другата. На крај, можете силно да го притиснете врвот на јазикот зад вашите предни заби, на горното непце во усната празнина, додека не ви помине дразбата.
2. Започнете ја секоја мисла со прашањето „Зошто…?“
Ова можете да го практикувате за секоја ситуација и не само за бизнис плановите и работните задачи. Дури и кога станува збор за здравјето, животните одлуки, среќата, (не)правилната исхрана, запрашајте се зошто го правите тоа или зошто избегнувате да направите нешто што треба да направите во врска со овие теми. Тоа е еден едноставен пристап со огромен потенцијал и примена.
3. Зачувајте го тонерот кога печатите
Кога ги печатите документите, сменете го текстот од црн во темно сив. Ова нема да направи големи разлики во квалитетот на документот туку само ќе ја зголеми брзината на печатење и употребата на тонерот што е особено важно доколку печатите дома, бидејќи така заштедувате пари.
4. Вежбајте ги мускулите додека работите на вашето биро
Притиснете ги дланките најсилно што можете. Ќе почувствувате притисок во градните мускули, рамената и мускулите на рацете. Оваа вежба бара минимален напор и движење, а ги зајакнува мускулите.
5. Зачувајте го времето со компјутерските кратенки
- За да отворите ново прозорче: Ctrl T
- За да затворите прозорче: Ctrl W
- За да се движите од едно прозорче кон друго: Ctrl PgUp и Ctrl PgDn
- Да отворите неодамна затворено прозорче: Ctrl Shift T
- Да најдете конкретен текст на веб-сајт: Ctrl F
- Да ја намалите или зголемите големината на текстот: Ctrl + или Ctrl –
- Да отворите линк во ново прозорче: Ctrl и кликнете на линкот
6. Променете го текстот во Ворд
Обележете го текстот кој сакате да го промените и притиснете Shift и F3. Кога ќе кликнете еднаш, ќе го конвертирате текстот да биде со големи букви, ако кликнете два пати ќе го конвертирате да биде само со мали букви, а доколку кликнете три пати ќе ги направите првите букви од секој збор големи.
7. Расчистете ги мислите
На крајот од денот, одвојте една минута за да го анализирате денот. Што сте направиле, зошто сте го направиле тоа, што сте можеле да направите но не сте го сториле тоа бидејќи сте биле исплашени или мрзливи, како да го подобрите она што ќе го направите… Правете го ова секогаш пред спиење и добриот сон ќе ви биде гарантиран.
8. Никогаш не праќајте имејл по грешка
Кога пишувате имејл пополнете го името или адресата на примателот последно. Вака, дури и да кликнете на опцијата за испраќање, имејлот нема да биде испратен.
9. Секогаш знајте дали сте го испиле лекот
За оние лекови кои треба да ги пиете два пати дневно, завртете го шишенцето или кутијата наопаку и свртете го на десната страна откако ќе ја испиете утринската доза. За лекови кои треба да ги земате три пати во денот, свртете го шишенцето или кутијата на левата страна наутро, на предната страна на пладне и на десната страна во вечерите.
10. Зачувајте ја батеријата на вашиот смартфон
Кога не користите интернет, исклучете ја опцијата и за безжичен интернет и за дата интернет, или вклучете ја опцијата за авион. Кога сте надвор од мрежа, вашиот телефон постојано бара нови што ја празни батеријата многу побрзо.
11. Имајте попродуктивен ден
Наутро, кога станувате да одите на работа или на факултет, првото нешто што треба да го направите е да ги одредите своите приоритети. Повеќето луѓе го започнуваат денот проверувајќи го својот телефон, но одредувањето на приоритетите треба да се прави кога вашиот мозок е свеж и најдобро функционира. Ова е првиот чекор кон продуктивноста.
12. Знајте на која страна е резервоарот без да излегувате од автомобилот
Доколку погледнете во малиот индикатор за бензин на контролната табла во автомобилот ќе забележите мала стрелка. Таа покажува всушност на која страна се наоѓа резервоарот во вашиот автомобил.