12 активности со коишто ќе го направите светот подобро место за живеење
Секој човек има листа со нешта што сака да ги направи во текот на животот. Можеби сакате да лутате, па патувањето ви е главна цел, можеби најважна ви е кариерата, или пак се фокусирате на авантури што ве тераат да излезете од зоната на удобност.
На листата на некои луѓе се наоѓаат и активности како волонтирање или помагање во заштитата на околината. Важно е да го дадете својот придонес во заедницата, но не секој знае како да го направи тоа. Па, ако на вашата листа сакате да додадете нешто со коешто ќе го направите светот подобро место за живеење, продолжете со читање.
1. Поканете некој без семејство на празнична вечера
Никој не би требало да ги минува празниците сам, освен ако не го сака тоа. Доколку имате храна за споделување на Бадник, поканете некој пријател или познаник кој знаете дека е сам. Кажете му дека секогаш е добредојден во вашиот дом и на вашата трпеза.
2. Организирајте акција за донирање храна
Околу празниците редовно се организираат акции за донирање храна, но тоа се случува поретко во остатокот од годината. Па, зошто самите да не организирате нешто вакво?
3. Донирајте крв
Иако можеби ќе бидете нервозни ако не сте донирале претходно, навистина е лесно да донирате крв. Знаевте ли дека само со една донација можете да спасите до три животи? Донирањето крв им помага на пациенти од сите возрасти кои настрадале во некаква несреќа или имале трансплантација на орган или операција на срце.
4. Станете донатор на органи
Доколку не сте го направиле ова досега, размислете сериозно. Кога ќе ги донирате органите што нема да ви требаат откако ќе умрете, можете да спасите многу туѓи животи. Вашиот лекар ќе може да ви објасни што треба да направите.
5. Посвојте милениче
Засолништата често се полни со животни што чекаат да бидат вдомени. Ако сте размислувале за милениче, немојте да купувате туку земете од оние кои чекаат да бидат посвоени. Исто така можете привремено да се грижите за некое животно додека да си ги најде вистинските сопственици.
6. Платете му го кафето на некој странец
Следниот пат кога ќе си купувате кафе, платете за уште 2-3 пијалаци и кажете му на продавачот дека се за луѓето после вас. Ова ќе биде навистина пријатно изненадување за нив.
Продолжува на следната страница…