11 здрави навики од различни земји во светот кои треба да ги украдете

11 здрави навики од различни земји во светот кои треба да ги украдете

Обично, кога ни треба совет поврзан со здравјето, им се обраќаме на нашите пријатели и семејство. Тоа е во ред, но добиените информации може да бидат ограничени ако сите имаме исто потекло и култура. Во тој случај, добра идеја е да се погледнат навиките на другите земји во светот и да се прифатат оние кои најмногу одговараат на нашиот начин на живот.

11здрави навики од различни земји во светот кои треба да ги украдете

Живееме во глобално село каде сите земји и култури имаат свои традиции и навики, многу од кои би можеле да ни помогнат да ги одржиме телото и умот здрави. Доколку сакате да внесете некоја промена во вашата секојдневна рутина, но не знаете од каде да почнете, побарајте инспирација од земјите ширум светот. Ова се 11-те здрави навики кои уште веднаш би требало да ги украдете од другите земји…

1. Нигерија: Јадете лисест зеленчук

Традиционалната кујна на Нигерија содржи многу зеленчуци кои не само што се хранливи, туку се и неверојатно вкусни. На пример, горчливиот лист од растението „Vernonia amygdalina“ е зеленчук кој се користи во подготовката на супа од горчлив лист, едно од најпопуларните јадења во Нигерија. Листовите на растението содржат многу антиоксиданси, но нудат и други здравствени придобивки. Конкретно овој горчлив лист можеби тешко ќе го најдете кај нас, но затоа, пак, друг зеленчук кој се користи во подготовката на многу традиционални супи е бамјата.

2. Холандија: Возете велосипед

Луѓето од Холандија не возат велосипеди само за рекреација, туку со него одат на работа и ги извршуваат сите останати обврски во текот на денот. Главното превозно средство во Холандија е токму велосипедот. Оваа активност е еден вид аеробик кој е добар за кардиоваскуларното здравје, а тоа е доволна причина да почнете почесто да ја практикувате.

3. Турција: Одете на турска бања

Брзиот начин на живот во современото општество предизвикува луѓето постојано да се под стрес. Но, Турците смислиле одличен начин да ги опуштат нервите и да се релаксираат, а решението е топла бања во просторија исполнета со пареа. Веројатно не би можеле да го практикувате ова премногу често, но нема ништо лошо во тоа да се почестите одвреме-навреме.

4. Сингапур: Одржувајте хигиена

Сингапур важи за една од најчистите земји во светот. Фрлањето ѓубре на улица се смета за сериозен кривичен престап. Сите знаеме дека тоа има штетно влијание на животната околина и може да доведе до појава и развој на вируси, бактерии и зарази. Чистата околина е главен услов за општата човечка благосостојба.

11здрави навики од различни земји во светот кои треба да ги украдете

5. Шведска: Одржувајте баланс помеѓу работата и приватниот живот

Многу луѓе понекогаш знаат да се посветат единствено на работата и да ги занемарат останатите сегменти од животот. Работат прекувремено, работата ја носат дома, а сето тоа негативно се одразува на нивниот приватен живот. За разлика од тоа, во Шведска работното време трае 6 часа. Како резултат, вработените се многу попродуктивни, посреќни, дури и поретко се разболуваат. Шансите се дека нема да можете да си го намалите работното време од 8 часа, но можете барем да се обидете максимално да го користите и да ја завршувате работата на време за да не морате да заглавувате прекувремено или да работите дома.

6. Јапонија: Внимавајте на големината на оброците

Жителите на Окинава во Јапонија имаат подолг животен век од луѓето во останатите делови од светот. Тоа е поврзано не само со видот на храната што ја јадат, туку и со начинот на кој ги јадат нивните оброци. Тие секојдневно ја практикуваат навиката „хара хачи бу“, односно јадат додека не почувствуваат дека се 80% најадени. Ова е здрава навика која дефинитивно треба да ја прифатите, ако не сакате да се прејадувате што сите знаеме дека доведува до вишок килограми.

7. Индија: Користете зачини

Индија е позната по употребата на различни зачини во храната, а тоа не само што им дава вкус на јадењата, туку е корисно и за здравјето исто така. Додавајте зачини како куркума, ѓумбир и коријандер при готвењето бидејќи тие ја спречуваат појавата на воспаленија, а имаат и многу други здравствени придобивки.

8. Тајланд: Одете редовно на масажа

Масажата е луксуз за многумина, но во Тајланд редовните масажи се дел од секојдневната рутина. Научно е докажано дека масажите можат да ве ослободат од анксиозноста, да ја подобрат работата на дигестивниот систем, да ви помогнат во случај на несоница, да ја намалат болката во зглобовите и да го забрзаат заздравувањето на повредите. Со оглед на тоа, почестите масажи се нешто што би требало да го земете предвид.

11здрави навики од различни земји во светот кои треба да ги украдете

9. Франција: Препуштете им се на задоволствата што ги нуди храната

Познато е дека Французите многу уживаат во храната, но сепак немаат проблем со вишок килограми и кардиоваскуларни болести. Добро е понекогаш да си дозволите мала порција од вашето омилено јадење. Некои истражувања покажале дека доколку земете малку од посакуваната храна, тоа ќе ви даде исто толкаво задоволство колкаво што би доживеале ако изедете цел оброк.

10. Кина: Пијте чај

Зачудувачки, но Англија не е најголемиот консумент на чај, туку Кина. Една шолја чај на ден може значително да ви го подобри здравјето. Чајот го намалува ризикот од повеќе видови рак, невролошки болести, низок холестерол, мозочен удар и уште многу други здравствени проблеми.

11. Грција: Јадете медитеранска храна

Можеби веќе сте чуле дека најздравата исхрана е токму медитеранската. Она што ја прави оваа исхрана толку корисна е тоа што Грците не ги одбегнуваат здравите масти. Истражувањата покажале дека зголемената консумација на мононезаситени масти, кои се содржат во јаткастите плодови, маслиновото масло и авокадото, води до подолг животен век, намален крвен притисок и намален ризик од срцеви заболувања.

Дури и да не отидеме на пат околу светот, сепак можеме да учиме од сите тие различни земји, со цел да го подобриме нашиот начин на живот и да стекнеме повеќе нови здрави навики.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар