11 знаци дека вашата мајка ви е најдобра пријателка
Секој смета дека неговата мајка е најдобра, и како секое силно дуо на мајка и ќерка, сигурно имате многу заеднички моменти и размислувања. Погледнете ги 11-те знаци кои само ќе го потврдат она што го мислите – вашата мајка ви е најдобра пријателка.
1. Таа е вашиот постојан пријател
Сигурно сте имале многу пријатели со кој денес воопшто не се познавате. Понекогаш ова е тажно, но вашата мајка секогаш е овде за вас. Кога мајка ви ви е најдобра пријателка, вие можете да ги преболите сите неуспешни пријателства. Секогаш ќе ја имате покрај себе.
2. Имате посебни работи кои ги правите само заедно
Можеби и двете сте фанови на Хари Потер, можеби и двете уживате во шолја кафе, или пак сакате да патувате. Како и да е, сигурно има некоја работа која уживате да ја правите заедно.
3. Никогаш не испуштате шанса да поминете време заедно
Секој момент поминат со мајката е прекрасен, па дури и ако станува збор за завршување некоја обврска. Како најдобри пријателки, времето кое го поминувате заедно е повредно од сè. Сигурно измислувате и изговори само за да ја посетите или да ѝ се јавите.
4. Можете да се однесувате детинесто заедно
Секогаш можете да се забавувате со вашата мајка. Со тоа создавате интересни сеќавања, а понекогаш и некоја одлична фотографија. Лесно е да се опуштите пред вашата мајка доколку сте блиски. И на крај од краиштата, нели пријателите се токму за тоа?
5. Не ви е срам да излегувате со вашата мајка
Таа е вашиот најдобар пријател, се разбира дека ќе излегувате заедно и ќе правите работи кои ги прават пријателите. Некои луѓе можеби се срамат да се дружат со нивните мајки во јавност, но за вас тоа е сосем нормално.
6. Вие сте нејзината навивачка (а таа е вашата)
Без разлика дали сте имале спортски натпревар, сте дипломирале или сте барале работа, вашата мајка секогаш навивала за вас. Иако можеби не сте биле присутни во многу вакви моменти од нејзиниот живот, вие се овде за да ја поддржите во иднина. Без разлика во која фаза од животот се наоѓате, вие сте овде за да навивате една за друга.
7. Заедничките патувања се најдобри
Мајка ви е најдобар пријател за патување. Без разлика дали редовно одите негде, или тоа се случува еднаш годишно, заедничките патувања се некои од најдобрите животни искуства.
8. Родендените и Денот на мајката се посебни настани
Сигурно мајка ви со нетрпение го очекува вашиот роденден, а вие пак едвај чекате да ја изненадите на Денот на мајката. Бидејќи таа е вашиот најдобар пријател, за вас е сосем нормално да ѝ го направите денот совршен.
9. Разделбите се тешки
Сигурно ви било навистина тешко кога сте заминале на факултет, или кога сте се преселиле од дома. Најдобрите пријатели не треба да бидат разделени, па кога разделбата е неизбежна обидете се да ги задржите солзите до следната средба.
10. Таа е најдобриот пријател за шопинг
Сигурно повеќето од облеката која ја имате сте ја купиле со вашата мајка. Таа ќе ве спречи да купите нешто што не ви треба и секогаш знае да ги направи најдобрите зделки. Кога вашата мајка и вашиот најдобар пријател се една иста личност, нема подобар придружник за шопинг.
11. Вие сте „мамина ќерка“ и сте горди на тоа
Ако вашата мајка ви е најдобра пријателка, сигурно ви имаат кажано дека сте „мамина ќерка“. Носете ја таа титула со гордост, бидејќи нема потреба да се срамите од љубовта кон вашата прекрасна мајка.
Прочитајте и некои од најубавите цитати за мајките.