11 знаци дека страдате од синдромот „Љубов на прв поглед“

11 знаци дека страдате од синдромот „Љубов на прв поглед“

Колку често ви се случува во еден момент да седите со вашите пријатели во бар, пиејќи и смеејќи се, додека веќе следниот да ви пристапи згодно момче или прекрасна девојка, барајќи го вашиот број и за само неколку секунди да сфатите дека вие веќе сте заљубиле во оваа личност? Погледнете ги следниве знаци кои укажуваат дека страдате од синдромот „Љубов на прв поглед“…

11 знаци дека страдате од синдромот „Љубов на прв поглед“

1. Вие сте безнадежни романтичари

Синдромот „Љубов на прв поглед“ е фундаментално базиран врз интензивни емоции и фантазии за романса, па токму затоа можеби и ова е најголемиот знак кој укажува на негово постоење. Доколку не сте безнадежни романтичари, вие нема шанси да го имате овој синдром.

2. Вашите симпатии се или сè или ништо

Кога станува збор за чувства кон одредена личност, кај вас не постои златна средина. Вие или чувствувате интензивни емоции или не чувствувате ништо.

3. Најчесто ви се допаѓа само една личност во даден момент

За вас е исцрпувачки да имате толку силни чувства за повеќе личности одеднаш, па токму затоа најчесто го насочувате вашето внимание само кон една.

4. Не преферирате одреден „тип“

Оние кои го имаат синдромот „Љубов на прв поглед“ најчесто не гледаат само одредени видови луѓе. Нивното љубовно интересирање може да го започне секоја личност во секое време. Ова значи и дека сте отворени, што е добро, но понекогаш значи и дека не сте доволно заштитени од чести повреди на срцето.

5. Го мразите процесот на љубовно состанување

Вие сте секогаш нервозни кога не знаете на што сте со личноста со која се гледате, бидејќи вашите чувства од самиот почеток се интензивни. Токму затоа и не сакате да ја гледате оваа личност само за време на викендот, туку сакате да поминувате што е можно повеќе време со него/неа.

6. Никогаш не сте развиле чувства за пријател/ка

Синдромот „Љубов на прв поглед“ ви овозможува веднаш да знаете дали одредена личност ве привлекува или не, бидејќи ако сте заинтересирани, во вас скоро инстантно ќе се јават силни чувства. Токму затоа ако сте подолго време пријатели со некој, тоа значи и дека вашата прва средба не побудила никакви романтични чувства во вас.

7. Имате тенденција да се опседнувате со нештата, дури и доколку не се поврзани со романса

Опсесивното размислување е еден од најтешките симптоми кои укажуваат на синдромот „Љубов на прв поглед“. Бидејќи вие многу лесно се впуштате во нештата, тоа предизвикува и појава на опсесивни мисли за вашиот нов партнер или партнерка кои едноставно не можете да ги исфрлите од вашата глава.

8. Постојано размислувате за иднината

Вие сте способни да живеете во сегашноста, но вашиот ум е секогаш насочен кон она што следува. Токму затоа и многу лесно почнувате да фантазирате за вашата иднина со симпатијата, што само дополнително ги зајакнува вашите чувства кон него/неа.

9. Вашата најголема маана е што повеќе ви се допаѓа идејата за оваа личност, отколку самата личност

Вие многу често се сретнувате со овој проблем. Бидејќи уште од самиот почеток сте силно заинтересирани за оваа личност, која не ја познавате добро, создавате еден вид „совршена“ слика за него/неа која е изградена делумно од она што го гледате и повеќе од она што го замислувате за вашата заедничка иднина.

10. Секогаш сте разочарани кога нештата нема да ви успеат

Бидејќи толку брзо сте развиле чувства, вие некако сте успеале и да се убедите дека станува збор за „вистинската“ личност, па токму затоа сте шокирани кога набрзо ќе дојде крај на вашата врска.

11. Без разлика на тоа што ви се случува, вие никогаш не се откажувате од љубовта

Вие знаете дека вашата нова голема симпатија најверојатно ве чека зад следниот агол, па токму затоа не им дозволувате на препреките да ве сопрат. Вашето срце е секогаш отворено.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар