11 здрави навики што понекогаш може да бидат многу штетни - Part 2

11 здрави навики што понекогаш може да бидат многу штетни

6. Земање витамини

11 здрави навики што понекогаш може да бидат многу штетни

Благодарение на рекламите, знаеме дека витамините се многу важни за нашето тело и дека нивниот недостаток може да предизвика негативни последици. Но, не знаеме дека земањето витамини може да биде опасно во одредени случаи. Научниците дознале дека луѓето кои земаат витамини и имаат некои лоши навики, страдаат од сериозни болести 46% почесто од оние кои не земаат витамини. Токму затоа секогаш треба да се консултирате со доктор пред да почнете со земање витамини.

7. Диетални пијалаци

11 здрави навики што понекогаш може да бидат многу штетни

Производителите на диетални пијалаци сакаат да нѐ убедат дека тие содржат помалку калории и дека не се толку штетни за нашето здравје и изглед. Според научниците, ако пиете само една лименка диетална Кока-кола дневно, тоа може да доведе до срцеви заболувања, зголемување на крвниот притисок и вишок килограми.

8. Намалување на телесната тежина

11 здрави навики што понекогаш може да бидат многу штетни

Некои истражувачи тврдат дека не е толку добро да се биде слаб. На пример, кај луѓето кои јадат многу, но не се здебелуваат, можно е маснотиите да им се складираат околу срцето и црниот дроб што може да предизвика сериозни болести. Слабите луѓе се изложени на поголем ризик од настинка за време на зимскиот период. Освен тоа, според резултатите од повеќе стотици истражувања, кај слабите луѓе постојат исто толку шанси за прерана смрт колку и кај луѓето со прекумерна тежина.

9. Секојдневно чистење

11 здрави навики што понекогаш може да бидат многу штетни

Добро е тоа доколку го одржувате вашиот дом чист и уреден. Меѓутоа, тоа не важи за употребата на детергенти и хемикалии за чистење. Средствата за чистење на домот содржат многу хемиски состојки што можат да предизвикаат иритација на очите, главоболки и заболувања на респираторниот систем.

10. Носење апостолки за одмор на стапалата

11 здрави навики што понекогаш може да бидат многу штетни

Многу луѓе мислат дека лесните и отворени апостолки им помагаат на стапалата да се одморат од секојдневните обувки. Меѓутоа, научниците од Националниот институт за здравје на стапалата се подготвени да го побијат овој мит. Според експертите, апостолките не им ја даваат потребната подлога на стапалата за време на одењето по тврди површини. Здраво е да го носите овој тип обувки само ако одите по песок или трева.

11. Пиење многу вода

11 здрави навики што понекогаш може да бидат многу штетни

Сите знаеме дека треба да пиеме многу вода, односно најмалку 8 чаши на ден. Не постои сомнеж дека водата е од витално значење за нормалните телесни функции, но само ако не претерате. Некои истражувања покажале дека пиењето премногу вода може да предизвика проблеми со бубрезите и отекување на мозокот. Освен тоа, преголемото количество вода може да го намали нивото на електролити во телото што доведува до сериозно нарушување познато како хипонатремија.

Доколку сакате да го зачувате вашето здравје, дознајте кои 5 секојдневни навики се исто толку штетни како и цигарите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар