11 здрави навики на луѓето кои никогаш не се разболуваат

11 здрави навики на луѓето кои никогаш не се разболуваат

Сигурно познавате барем една личност која никогаш не се разболува и веројатно сте се запрашале како е тоа можно. И покрај сите обврски, овие луѓе успеваат да останат здрави и нема ништо лошо во тоа да се откријат нивните навики поради кои имаат неверојатен имунитет. Никој не е имун на сите настинки и грипови, но очигледно тие прават нешто како што треба. Сосема е возможно да го земете здравјето во ваши раце со тоа што ќе почнете подобро да се грижите за себеси. Одредени навики кои се чинат безопасни, можат да предизвикаат голема штета на вашиот имунолошки систем. Доколку често се разболувате и сакате да ги сведете на минимум деновите поминати во кревет, имајте ги предвид следниве неколку навики на луѓето кои никогаш не се разболуваат.

11 здрави навики на луѓето кои никогаш не се разболуваат

1. Спиењето им е приоритет

Многу луѓе ги ставаат работата и социјалниот живот пред спиењето, но тоа може многу негативно да се одрази на имунолошкиот систем. Според едно истражување, доколку спиете 6 часа, тоа ќе ја зголеми веројатноста да настинете до 4 пати, во споредба со оние кои спијат повеќе од 7 часа навечер. Соодветниот сон го синхронизира телесниот часовник и ѝ овозможува на нашата физиологија да функционира како добро предводен оркестар.

2. Често вежбаат

Оние кои редовно вежбаат, значително го подобруваат нивниот имунитет и поретко се разболуваат. Физичката активност може да ви помогне да се ослободите од бактериите во белите дробови и дишни патишта, да ги поттикне антителата и белите крвни зрнца побрзо да циркулираат и да го забави ослободувањето на хормоните кои предизвикуваат стрес и ја зголемуваат веројатноста да се разболете.

3. Редовно јадат

Добрата исхрана му ги дава на телото потребните витамини и минерали кои го одржуваат здраво. Според едно истражување спроведено од страна на државниот универзитет во Мичиген, нискокалоричната исхрана ќе ве направи поотпорни на грипот и ќе ја зголеми вашата издржливост при настинка.

4. Одбегнуваат шеќер

Шеќерот е навистина вкусен, но луѓето кои не се разболуваат често одбегнуваат благи работи. Исхраната богата со јаглехидрати, особено онаа збогатена со едноставни шеќери, може да доведе до воспаление на крвните садови. Според истражувањето спроведено од страна на Универзитетот Лома Линда, кај луѓето кои внесувале 100 грама шеќер (толку содржи една лименка газиран сок) леукоцитите имале уништено помал број бактерии, за разлика од оние кои не внеле шеќер.

11 здрави навики на луѓето кои никогаш не се разболуваат

5. Вежбаат јога

Вежбањето јога може да доведе до промени на молекуларно ниво кое резултира со посилен имунолошки систем и подобро здравје. Овие умствени техники го поттикнуваат мозокот полесно да донесува одлуки и да води сметка за сопственото здравје, што доведува до поголема виталност и сила.

6. Не пијат многу алкохол

Нема ништо лошо во тоа да се испие по некоја чашка, но честото пиење може да го ослаби имунолошкиот систем дури и да се работи за 20 минути консумирање алкохол. Доколку не се чувствувате баш најдобро, одбегнете го шишето.

7. Имаат секс

Сексуалните односи еднаш неделно го намалуваат ризикот од настинки, според истражувањето спроведено од страна на универзитетот во Пенсилванија. Луѓето кои почесто имаат секс, имаат повисоки нивоа на имуноглобинот А, антитела која го одбранува телото од разни болести и инфекции.

8. Излегуваат надвор

Поминувањето време надвор го зголемува нивото на витаминот Д, хранлива состојка која е клучна кога станува збор за активирање на имунитетот, според истражувањето од Универзитетот во Копенхаген. Мирисот на природата релаксира, што значи дека успешно се бори против стресот и ја подобрува општата благосостојба.

11 здрави навики на луѓето кои никогаш не се разболуваат

9. Поминуваат време со нивните пријатели

Друштвото на вашите блиски има многу други придобивки, покрај тоа што е забавно. Комуникативните луѓе подлежат на помал ризик да настинат.

10. Размислуваат позитивно

Тие гледаат на посветлата страна на нештата. Оптимизмот го намалува крвниот притисок, заштитува од срцеви заболувања, ве штити од вируси и го зголемува вашето целокупно физичко и ментално здравје.

11. Пијат чај

Чајот ја зголемува телесната одбрана од инфекции со тоа што го поттикнува имунолошкиот систем да ги нападне бактериите, вирусите и габичните инфекции. Освен тоа, пиењето чај е одличен начин да останете хидрирани, што може да му помогне на вашето тело да функционира нормално.

Колку повеќе од овие навики стекнете, толку поздраво ќе биде вашето тело, што ќе ви помогне да се одбраните од сите несакани болести.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар