11 важни работи што девојките не ги учат за сексот, иако би требало

11 важни работи што девојките не ги учат за сексот, иако би требало

Животот на жените е многу комплициран, особено во денешното општество. Современата жена мора да биде силна, независна и успешна во деловниот и приватниот живот. Иако постојат луѓе кои сѐ уште се обидуваат да ги претстават жените како слаби и кротки, вистината е дека повеќе не живееме во свет каде што жените се само за гледање, а не и за слушање. Девојките се борат за својата рамноправност, ги поместуваат границите и ги рушат стереотипите. Една од овие големи промени е отвореното разговарање за женската сексуалност.

11 важни работи што девојките не ги учат за сексот, иако би требало

Жените денес ја имаат прифатено својата сексуална природа и почнаа да ги истражуваат своите сексуални желби, но и подобро да го разбираат начинот на кој нивните тела функционираат кога станува збор за задоволството и сексуалните односи. Благодарение на овој отворен пристап кон животот, младите девојките почнуваат да дискутираат за нивните сексуални искуства и да ги поставуваат прашањата што ги загрижуваат. Тие се гладни за информации што не им се достапни на училиште и на Интернет. Па, оттука се поставува прашањето дали девојките имаат можност да дознаат сѐ за половите болести и важните детали во врска со сексот? Ова се 11-те работи што девојките не ги учат за сексот иако би требало…

1. Сексуалноста е широк поим

Образовниот систем обрнува внимание само на сексуалната привлечност кон спротивниот пол. Токму поради тоа, луѓето кои не се идентификуваат како хетеросексуални почнуваат да се чувствуваат неприфатено, недобредојдено и мислат дека нешто не е во ред со нив. Мора да го прифатиме целиот спектар на сексуалноста, вклучувајќи ги и хомосексуалноста, бисексуалноста, демисексуалноста и сите останати аспекти од сексуалноста што постојат во општеството. Исто така, жените треба да знаат дека сексуалноста може да се промени. Доколку моментално се сметате за стрејт, тоа не значи дека за неколку години нема да откриете поинаква страна од себе. Мора да имаме поотворен пристап кон сексуалноста.

2. Не го потценувајте ризикот од полово преносливи болести

Сите знаеме колку се опасни полово преносливите болести, но дали сме свесни за тоа колку се реални? 50% од сексуално активните поединци заболуваат од ППБ додека да наполнат 25 години. Станува збор за голема бројка, а повеќето од младите не знаат ништо за овие болести освен фактот дека треба да користат кондоми за да се заштитат. Многу е важно жените да одат на редовни прегледи и да станат свесни за тоа колку е важно да се заштитат себеси.

3. Нема ништо лошо во сексуалната невиност

Девојките кои подолго ја чуваат својата невиност, понекогаш се чувствуваат засрамени поради тоа и одбегнуваат да разговараат на таа тема. Невиноста не ве дефинира и не ја намалува вашата женственост. Тоа исто така не значи дека нема да можете да уживате во сексот кога ќе се решите на тој чекор. Никогаш не треба да се срамите доколку сакате да чекате додека не бидете подготвени.

11 важни работи што девојките не ги учат за сексот, иако би требало

4. Сексуалните напади се реални, сериозни и не треба да бидат игнорирани или потценувани

Жртвите честопати не ги пријавуваат напаѓачите за да не бидат обележани, осудени или обвинети дека ја измислиле целата ситуација. Освен тоа, луѓето понекогаш тврдат дека жртвите самите биле виновни за нападот поради тоа што носеле разголена облека или се шетале во опасен дел од градот. Тоа е сосема погрешно! Не постои ситуација во која сексуалниот напад би можел да се оправда. Мора да им дадеме поголема поддршка на жртвите на овие ужасни злодела и да ги охрабриме отворено да проговорат и да ја вратат контролата во свои раце.

5. Никому не должите ништо, без оглед на ситуацијата

На телевизија многупати можеме да видиме како некој маж ја носи жената на луксузна вечера и како што на вечерта ѝ се приближува крајот, тој очекува секс за возврат. Иако тој можеби навистина развил некакви лични очекувања, вистината е дека не постои ситуација во која жената му должи некому секс или пристап до нејзиното тело. Тоа се однесува и на врските! Доколку човекот кој има незгодни барања е вашето момче или сопруг, тоа не ги оправдува работите. Вашето тело е само ваше и вие одбирате со кого ќе го споделите.

6. Постојат многу опции за да се заштитите од бременост, само треба да ја најдете онаа што најмногу ви одговара

Живееме во свет на напредна технологија, наука и медицина. Па така, постојат голем број опции за заштита од бременост кои ни се достапни во денешно време. Од пилули и презервативи, па сѐ до инпланти, постојат средства што сигурно ќе ви одговараат, без оглед на вашите уникатни потреби и желби. Разгледајте ги сите достапни опции и информирајте се за придобивките и ризиците на секое средство пред да донесете конечна одлука.

7. Женскиот оргазам не е мит! Женското задоволство е многу важно

Многу жени никогаш не доживеале оргазам, па затоа мислат дека тоа е невозможно. Ова погрешно верување се јавило како последица од недостатокот на информации што им се достапни на девојките, како и од лажните уверувања од страна на нивните партнери. Женскиот оргазам долго време се сметал за мистерија, концепт што мажите не го разбираа и го сфаќаа како нешто здодевно и напорно, па така се разви идејата дека станува збор за нешто недостижно. Меѓутоа, не само што женскиот оргазам навистина постои, туку и треба да барате од вашиот партнер да ви покаже грижа и внимание за време на сексуалниот однос. Сите жени се различни и некои доживуваат вагинални оргазми, а на некои им треба стимулација на клиторисот. Дајте си време за експериментирање и дознајте што ви одговара вам.

11 важни работи што девојките не ги учат за сексот, иако би требало

8. Треба да ги прифатите вашите необични желби и потреби

Во нашето општество, доколку некоја жена ги изрази своите конкретни сексуални желби, веднаш добива етикета на „промискуитетна и лесна“ девојка. Само вие знаете што ви се допаѓа, а што не. Не плашете се да ја споделите оваа информација со вашиот партнер. Ако знаете дека имате конкретен фетиш, споделете го овој важен податок и ќе видите дека вашиот сексуален живот ќе стане значително подобар.

9. Користете лубриканти

Оваа тема честопати се занемарува. Лубрикантот не е наменет само за првиот сексуален однос или за мажите кои се премногу „надарени“. Лубрикантите можат сите сексуални искуства да ги направат подобри. Постојат многу фактори што влијаат на природната телесна лубрикација. Ослободете се од непотребната бариера и забавувајте се, така што секогаш ќе имате лубрикант при рака. Само не заборавајте дека многу луѓе се алергични на лубрикантите! Информирајте се и тестирајте го лубрикантот на мал дел од кожата за да дознаете дали ќе ви одговара вам и на вашиот партнер.

10. Уринирајте после секс за да ги спречите инфекциите на уринарниот тракт

Иако некои луѓе сметаат дека се работи за мит, нема да изгубите ништо доколку ја практикувате оваа едноставна навика. По завршувањето на сексуалниот однос, одете во тоалет што е можно побрзо. Уринирањето после секс ги исфрла сите отрови и бактерии што можеби ви биле пренесени за време на половиот однос и на тој начин го намалува ризикот од појава на иритација и уринарна инфекција. Не можеме да докажеме дали ова е вистина или не, но во секој случај вреди да бидете претпазливи.

11. Сите вагини се различни

Долго време, изгледот на женските вагини беше табу тема. Но, како што луѓето почнаа да разговараат за тоа, се појави митот за „идеалната“ женска вагина. Вистината е дека секоја вагина е различна и совршена на свој посебен начин. Сите жени треба да одвојат време и енергија за да ја запознаат својата вагина и подобро да го разберат своето сексуално здравје.

Прочитајте ги и следниве 18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар секс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар