11 универзални совети за збогување со несаканата тежина

11 универзални совети за збогување со несаканата тежина

Ако губењето на вишокот килограми беше лесно, сите ќе беа слаби и ќе изгледаа прекрасно, а да се има неколку килограми вишок ќе беше реткост на која поголемиот дел од луѓето ќе се восхитуваа. Но, да бидеме реални, намалувањето на тежината не е лесно, ама пак и не е најтешкото нешто со кое човекот се соочува. Со малку труд, резултатите се постигливи. Еве 11 универзални совети за секси изглед и збогување со непосакуваните килограми.

1-11-Univerzalni-soveti-za-zboguvanje-so-nesakanata-tezina-kafepauza.mk

1. Не јадете брза храна

Многу едноставно. Не јадете лоша храна за да не се чувствувате и да не изгледате така. Она што го јадете во зима, се оцртува на телото во лето. Ако сте мрзеливи и јадете мрзелива храна и вашето тело ќе стане мрзеливо и нездраво.

Губењето на тежината работи по прост принцип: колку понапорно работиш, толку се поголеми шансите да го добиеш. Само зависи од тоа колку многу го посакувате и колку сте спремни да работите на тоа. Единствено од вас зависи дали толку многу сакате да се ослободите од непосакуваната тежина, да изгледате одлично и да се чувствувате одлично, или пак само ќе продолжите да ветувате дека од утре ќе започнете со работа. Во тоа е разликата. Ако навистина го посакувате тоа, тогаш уште денес ќе започнете да работите на себе.

Луѓето кои сакаат да останат во форма не консумираат тешка и мрсна храна. Ова е првото и најважно правило кога се зборува за посакуваната линија.

2. Немојте да пиете глупости

Водата ви е најдобар избор ако навистина сакате да се опростите од прекумерната тежина. Ако пиете пиво, тогаш само тврдите дека сакате да ги изгубите килограмите без ни малку да се потрудите. А истото важи и за газираните пијалаци. Вода, свежи сокови и чај ви се најдобрите пријатели. Самодисциплината е најважна. Ако немате контрола врз вашето тело, тогаш тоа ќе ве контролира вас и никогаш нема да ја имате посакуваната тежина. Мора да научите да го контролирате телото за тоа да работи во ваша корист. Бидете силни и не се откажувајте за да ги добиете посакуваните резултати.

3. Вежбајте секој ден

Ако не можете да одвоите 30-45 минути секој ден за вежбање, тогаш навистина не пристапувате сериозно кон вашата цел. 30-45 минути се ништо во споредба со чувството кога ќе успеете и ќе се чувствувате самоуверено.

Немојте да мислите дека слабеењето се состои од гладување. Клучот е во здравата исхрана и секојдневното вежбање. Толку е лесно што и не морате да броите калории. Ако вежбате, а сепак јадете нездрава храна, пак залудно си го трошите времето. Ако внимавате на исхраната, но зборот „вежбање“ ви е непознат поим, повторно сте на почетокот. Овие две работи одат едно со едно: здравата исхрана и вежбањето заедно носат резултати.

AB22736

4. Поставете цел

Бележете го вашиот напредок и поставете си цел која мислите дека можете да ја постигнете. Целта треба да биде тешка, но не премногу за да не можете да ја исполните, а и не премногу лесна за напорот кој го вложувате да има смисла. Откако ќе ја поставите целта, повторувајте ја повеќе пати. Кажете за колку време и колку килограми би сакале да изгубите. Верувајте во себе. Единствениот пат до успехот е вербата во себеси.

Имајте на ум дека слабеењето не е процес кој се случува во текот на ноќта. Тоа е процес кој бара многу напорна работа и внимавање на исхраната. Ако внимавате што јадете и редовно секој ден одвојувате време за вежбање верувајте дека успехот е неизбежен. Заборавете на брзите диети кои носат краткотрајни резултати и фокусирајте се на вашата цел. Не постојат магични апчиња или напивки со кои ќе изгубите 5 килограми во една недела. Направете план и започнете со работа денес.

5. Проверете на што вашето тело лошо реагира

Некои луѓе можат да јадат што и да посакаат, а сепак да не сте здебелат ни еден килограм. Тоа е така бидејќи тие луѓе имаат поинаков (побрз) метаболизам. Можно е вашиот организам да не ја преработува правилно храната. Кога имате побрз метаболизам, телото побрзо се чисти, а храната побрзо се вари. Посетете лекар и проверете кои продукти го забавуваат вашиот метаболизам. Можеби јадете многу компири, па вашето тело има проблеми при негово варење, истото може да се случи и со лебот, доматите, а и со сѐ останато. Ако ја елиминирате проблематичната храна, со многу мал напор ќе ги изгубите килограмите. Проверете се и видете што ги создава проблемите во вашиот организам.

6. Секој ден јадете во исто време

Токму затоа „изгладнувај се“ и не е најдобрата стратегија кога станува збор за слабеење. За да ја добиете посакуваната линија, можеби мислите дека ако јадете помалку или воопшто, дури и би го прескокнале појадокот дека совршеното тело само ќе си дојде, но ваквото размислување воопшто не ви помага.

Важно е да не сте гладни во ниеден период од денот. Ако чувствувате многу силен глад тоа значи дека не сте јаделе со саати што автоматски резултира со јадење многу повеќе од планираното. Потребни се 15 минути мозокот да му испрати сигнал на стомакот дека сте најадени. Затоа се препорачува да јадете бавно. Азијците се познати како едни од послабите луѓе на планетава, бидејќи нивната култура тврди дека треба да се јаде во исто време. Јадете затоа што е време за јадење, не гладувајте, бидејќи така потоа се прејадувате. Направете распоред на јадење и држете со до него. Планирајте ги оброците. Ова можеби бара малку повеќе труд, но на крајот вреди, ако сакате трајни резултати.

4-11-univerzalni-soveti-za-zboguvanje-so-nesakanata-tezhina-kafepauza.mk

7. Останете мотивирани

Никој нема да ги изгуби килограмите за вас. Навистина, губењето килограми е една од потешките работи во животот, но ако се убедите дека е лесна и навистина така ќе биде. Мала мотивација може да направи чуда. Слабеењето е толку тешко или лесно онолку колку што вие ќе се убедите дека е. Убедете се дека е лесно и така ќе биде.

Поставувајте си предизвици. Немојте да гледате на нештата дека се ужасни, без разлика колку и тешки да бидат. Наместо тоа, направете го тоа. Форсирајте се себеси до максимум, а напредокот полека ќе дојде. Чекор по чекор, малиот напредок полека со текот на времето се зголемува. Јадењето на колачето кое цел ден ве моли да го вкусите, нема да ве здебели, но ако правите така секој ден сите тие мали работи ќе се соберат, а вашите димензии ќе се зголемат.

Пред да јадете нешто запрашајте се дали тоа ви помага во целта. Ако одговорот е позитивен, јадете, а ако не е побарајте поздрава алтернатива и чувствувајте се убаво поради челичната дисциплина.

Мотивирајте се така што ќе си кажувате убави работи. Замислете си како ќе изгледате послабо и поздраво и колку ќе се радувате кога ќе ја постигнете целта. Поради визуелните техники ќе бидете фокусирани на целта и ќе размислувате на сѐ повеќе начини за тоа како да бидете поблиску до посакуваната тежина. Секој ден е нова можност за убави промени во вашиот живот.

8. Животен стил, а не привремена работа

Многу луѓе често го започнуваат процесот на слабеење со помислата дека ако се напијат 2-3 апчиња, прекумерната тежина преку ноќ ќе исчезне. Заборавете на ваквите глупости, оној кој што тврди дека ова е возможно, сака само да ви ги земе парите.

Фокусирајте се на долгорочен план, немојте да застанувате кога целта ќе ја постигнете. Навистина е просто: вежбајте секој ден, грижете се за своето тело и хранете се здраво. Направете го тоа за вас, не за партнерот или пријателите. Никој не очекува да станете спортист, но трудете се да останете во добра форма дури и по постигнувањето на целта. Вие ќе бидете тие кои ќе се чувствуваат убаво и ќе привлекувате позитивна енергија и такви луѓе кон вас. Навикнете се на новиот животен стил, бидејќи од него можат да произлезат само убави работи.

9. Не гледајте ТВ

Со самото гледање телевизија, вие губите значајно време поради кое после ќе се жалите дека немате време за вежбање или приготвување здрава храна. Телевизорот навистина не ви е потребен, поради него трошите пари на глупости, тој ви го пере мозокот и ви троши струја. Факт е дека просечните луѓе кои гледаат телевизија се подебели. Зошто? Затоа што повеќе седат и јадат, колку да прават нешто додека гледаат во забавните лица на екранот. На телевизија гледаме толку совршени луѓе кои навидум изгледаат како да немаат мани и поради тоа стануваме депресивни и несигурни што резултира со јадење, односно здебелување. Исклучете го телевизорот и вклучете го мозокот.

3-11-Univerzalni-soveti-za-zboguvanje-so-nesakana-tezina-kafepauza.mk

10. Не бидете мрзеливи

„Не постојат грди луѓе, само мрзеливи“ е изрека која е целосно вистинита. Секој човек може да изгледа одлично и да биде и до 10 пати попривлечен на спротивниот пол со само еден час вежбање дневно. Не биде мрзеливи, губењето на килограмите бара активен живот, а не пасивен. Со малку напор ќе успеете, само не бидете мрзеливи. А веќе ако сте, променете го тоа. Престанете да барате изговори и променете го животот на подобро.

11. Започнете денес

Можеби навистина салите за вежбање се преполни во понеделници или некаде сте читале дека најлесно се откажуваат оние што започнале со вежбање во понеделник, но сепак тоа не е изговор. Одете во понеделник, макар и да биде преполно, но сепак одржете го зборот. Важно е да вежбате секој ден. Не го чекајте вистинското време туку сами пронајдете го. Некогаш навистина уморот нѐ совладува и тоа е во ред сѐ додека не стане навика. Вежбајте најмалку 4-5 пати неделно. Нека ви стане навика. Доста одложувате бидејќи вашето „утре“ нема никогаш да дојде. Донесете одлука и тоа денес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар