11-те најважни нешта што ги прават родителите на успешните деца

11-те најважни нешта што ги прават родителите на успешните деца

Начинот на кој ве одгледале родителите речиси целосно ги оформил вашиот карактер и погледот кон светот. Правилното одгледување на децата им го отвора патот кон успехот и среќата во нивните животи. Според науката, постојат неколку особини што им се заеднички на родителите со успешни деца, а ова се некои од најважните.

11-те најважни нешта што ги прават родителите на успешните деца

1. Добра динамика во врската

Универзитетот Харвест работел на истражување уште од 2003-та година со цел да открие кое е единственото нешто што води до здравје и среќа. Резултатот од долгото истражување бил навистина изненадувачки. Се покажало дека среќата и здравјето не зависат само од стекнување богатство или слава. Одговорот за овие нешта се криел во динамиката на врските. Односно, добрите врски нè прават посреќни и поздрави.

Поради ова, успешното одгледување на децата вклучува учење за важноста на врските и како правилно да се грижат за себе. Успешните родители се обидуваат да воспостават добра динамика во врската како пар, но и во врската со останатите членови од семејството и пријателите со цел да ги научат децата како да градат здрави врски.

2. Правилно охрабрување на децата

Успешните родители се обидуваат да ги научат нивните деца да созреваат со тоа што ги поттикнуваат да развиваат позитивни навики, наместо само да ги наградуваат кога ќе постигнат нешто.

Едноставно, немојте да го надградувате детето за високата оценка, туку за трудот што го вложило за таа оценка. Немојте да го надградувате детето затоа што победило на трката, туку за напорот што го вложило за да го постигне тој резултат. Немојте да му кажувате на детето дека е талентиран пејач, туку кажете му дека звучи одлично после толку многу вежбање.

Ова ќе ги натера децата да стекнуваат позитивни навики во текот на целиот живот и да целат кон созревање, наместо да се фиксираат само на победата.

3. Поминуваат квалитетно време со нивните деца

Од голема важност е родителите да минуваат квалитетно време со нивните деца и вербално да ја покажат нивната љубов. Ова ќе направи децата да се чувствуваат ценето и сакано и ќе им помогне да создадат здрава слика за себе што ќе ја носат целиот живот.

4. Ги охрабруваат сами да си ги завршуваат обврските

Успешните родители ги учат нивните деца на одговорност и решавање проблеми со тоа што им даваат време и простор самите да ги завршуваат нивните обврски. На овој начин децата можат да го откријат нивниот скриен капацитет. Кога самите се залагаат, нивната самодоверба се зголемува и тие се подготвени да се соочат со светот кога ќе пораснат.

5. Секогаш внимаваат нивните деца да бидат сакани и поддржани

Децата се луѓе и се несовршени како и секој друг, па родителите не треба да им поставуваат нереални очекувања. Ако родителите ја покажуваат нивната љубов само кога децата ќе постигнат некоја совршеност, а се воздржуваат ако не успеат, тие ќе одгледаат дете кое е несигурно во врска со себе. Важно е родителите да им дадат до знаење на децата дека се секогаш сакани и поддржани и дека љубовта не зависи од тоа дали ќе бидат постојано совршени.

6. Ги учат на издржливост и дисциплина

Издржливоста е способноста за закрепнување по некој тежок период. Успешните родители ги учат нивните деца за важноста на издржливоста, упорноста и дисциплината покажувајќи им љубов и охрабрувајќи ги да ги решат нивните проблеми целосно, наместо да бараат брз излез. Токму поради ова родителите ги наградуваат децата за нивниот труд, наместо за резултатот. На овој начин децата ќе бидат охрабрени да бидат упорни и да работат напорно без да се чувствуваат поразено со секој неуспех и со секоја пречка на патот.

7. Не ги исполнуваат сите барања на децата

Ако родителите постојано ги исполнуваат барањата на нивните деца, тие ќе пораснат со мислење дека се центар на универзумот и дека целиот свет им е должен. Оваа тактика го прави детето егоцентрично и не му дозволува да ги согледа потребите на оние околу него. Важно е да одгледате дете кое е свесно за неговите должности и одговорности и за трудот што треба да го вложи за да го добие она што го сака, наместо да мисли дека сите му се должни.

8. Поттикнуваат дијалог со нивните деца

Успешните родители ја охрабруваат здравата и отворена комуникација со нивните деца. Во текот на разговорите, тие активно ги слушаат нивните деца. Ова ги тера децата да се чувствуваат важно кога го кажуваат нивното мислење и ги охрабрува да се искажат. Исто така овој пристап ги учи децата дека проблемите можат да се решат со отворена и здрава комуникација. Оваа вештина ќе им помогне да комуницираат здраво и кога ќе пораснат.

9. Самите поставуваат пример и се однесуваат како одговорни возрасни

Децата учат многу повеќе од примери наместо од зборови. Тие учат набљудувајќи сè околу нив, а потоа се обидуваат да го имитираат тоа. Успешните родители ги учат нивните деца на одговорност со тоа што се однесуваат одговорно пред нив. Тие покажуваат почит кон природата и другите луѓе и се обидуваат да се однесуваат добро.

10. Го разбираат љубовниот јазик на нивните деца

Според Гери Чапман, кај луѓето постојат 5 љубовни јазици.

1. Добивање подароци

2. Квалитетно време

3. Зборови за охрабрување

4. Посветеност

5. Физички допир

Секоја личност има свој љубовен јазик, односно начин на кој сака да дава и да добива љубов. Успешните родители го разбираат љубовниот јазик на нивните деца и истовремено комуницираат со нив користејќи го овој јазик. Ова му помага на детето да се чувствува сакано и да ги искаже неговите емоционални потреби.

11. Не ги споредуваат нивните деца со другите

Успешните родители им помагаат на нивните деца да ја истакнат нивната оригиналност. Тие не паѓаат во стапицата на споредување и не ги присилуваат нивните деца да станат нешто што не се. Не ги оптоваруваат со непотребно судење и со притисок од врсниците. Овие родители ја охрабруваат индивидуалноста на нивното дете и му помагаат да ги открие неговите уникатни таленти и потенцијали.

Дознајте и за кои проблеми во однесувањето на децата се виновни родителите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар