11 совети за убавина со кои ќе ги истакнете вашите најдобри карактеристики
6. Користете ја минералната пудра на правилен начин
Минералната пудра е всушност пудра во прав. Нејзините фини честички постепено се раствораат во прајмерот и маслото од кожата со тоа создавајќи тенок слој на лицето. Оваа пудра е одлична за пречувствителна и сува кожа. Одлична е и за време на летните месеци бидејќи не се топи од топлината и влажноста. Покрај тоа, има и висока УВ заштита.
Пред да се појави финалниот ефект од оваа пудра, потребно е да поминат 20 до 40 минути. За инстант ефект нанесете малку навлажнувач на лицето пред да ја нанесете пудрата. Нанесете ја пудрата со голема четка врз прајмерот. Но немојте да ја поправате течната пудра со неа. Овие продукти се слични па ќе завршите со непосакуваниот изглед на маска.
7. Правилно покријте ги темните кругови под очите
За да го прекриете овој недостаток користете коректор неколку нијанси посветол од вашата кожа. Важно е да го нанесете во триаголна форма. На овој начин потеченото и потемното место ќе се изедначи со лицето.
8. Блескаво лице со стробинг
Стробинг е техника со која се менува формата на вашето лице. Со ова техника се нагласуваат одредени делови од лицето, односно му се додава свежина и здрав сјај. Но, оваа техника има некои правила кои не треба да ги заборавите.
- Кожа со видливи брчки: Измешајте ги продуктите за стробинг со пудра за да избегнете нагласување на нерамната површина на кожата.
- Мрсна кожа: Никогаш не ги нанесувајте продуктите каде што се лачат најмногу масти, како средината на челото, образите или брадата.
- Потечени делови: Рефлексијата на светлината додава волумен. За овие делови користете мат продукти.
- Кожа со акни: Ако нанесете продукти што рефлектираат, само ќе ги нагласите акните. Користете ги овие продукти само под пудрата.
9. Пополнете го просторот помеѓу горните трепки
За да го подобрите изгледот на вашите очи, пополнете ги празнините помеѓу горните трепки. Ако има премногу простор помеѓу трепките, вашата шминка ќе изгледа несовршено. За ова можете да користите меко моливче за очи. Неговата текстура ќе остане на место, лесно се мие и нема да се размачка во текот на денот.
10. Дајте им нов живот на сенките со техниката на навлажнување
Повеќето сенки кога ќе се нанесат со сува или влажна четка изгледаат навистина различно. Сувите сенки за очи нанесени со влажна четка ја менуваат нивната структура. На пример, мат сенките стануваат потемни и погусти. Тие се совршени за исцртување линии. Сенките со светки ќе станат како крем и ќе добијат „влажен“ изглед.
Навлажнете ја четката, истиснете ја со дланката, а потоа со крпа. Четката треба да биде многу малку влажна. Можете да користите и спреј за фиксирање на шминката, спреј за навлажнување, па дури и капки за очи.
11. Финиширајте ја шминката со транспарентна пудра
Транспарентна пудра е одлична за крај бидејќи ги израмнува несовршеностите и создава „Фотошоп“ ефект. Покрај тоа го спречува создавањето на масен сјај. Важно е да запомните дека оваа пудра не е од помош во комбинација со други суви или течни продукти. Најдобро е да нанесете хајлајтер или руменило пред пудрата, а потоа да ги средите со тенок слој од неа.
Исто така немојте да нанесувате премногу транспарентна пудра бидејќи ќе рефлектира бела боја. Можеби преку ден нема да се забележи, но на фотографии ќе изгледате како да сте покриени со брашно.
Пробајте ги и овие трикови за брзо и ефикасно шминкање.