11 совети што можат да ви го спасат животот во критични ситуации
Никој не сака да заврши во темна уличка со некој чуден човек или да му се дупне гумата на оддалечено место. Поради ова важно е да ги знаете овие совети кои можат да бидат навистина корисни во ризични ситуации.
1. Ако некој се обидува да ве грабне, „изгубете“ неколку лични предмети
Ако некој со сила се обидува да ве внесе во автомобил, обидете се „случајно“ да испуштите што е можно повеќе предмети од вас. Не заборавајте да го чувате телефонот со вас. Ова може да ѝ помогне на полицијата да ве најде побрзо.
2. Ако сте во лифт со криминалец, притиснете ги копчињата за сите катови
Ова ќе ви даде можност да избегате или да му сигнализирате некому дека ви е потребна помош. Исто така ќе го збуните криминалецот.
3. Како да знаете дека доаѓа бура?
Протресете го кој било пијалак и ставете го во чаша. Ако меурите се распоредат по страната, времето ќе биде добро. Ако меурите се наоѓаат во средината, доаѓа бура. Причината е поради атмосферскиот притисок кој влијае на меурите воздух. Високиот притисок ги распоредува по краевите, а кога притисокот е низок меурите остануваат на нивното место. Ова значи дека доаѓа невреме.
4. Ако ви се дупне гумата, наполнете ја со трева
Ако ви се дупне гумата на оддалечено место, направете мали дупчиња од страните и наполнете ги со трева. Се разбира, потоа ќе треба да ја фрлите гумата, но ова ќе ви помогне безбедно да стигнете дома.
5. Останете фокусирани за време на полетување и слетување на авион
Бидете внимателни во првите 3 минути од полетувањето и последните 3 минути за време на слетувањето. Според статистиката, 61% од авионските несреќи се случуваат во овој период. Поради ова вашиот фокус може да биде клучен за преживување.
Продолжува на следната страница…