11 секојдневни навики што имаат скриено влијание на нашиот изглед
Размислете за тоа колку работи правите несвесно и механички. За жал многу од овие работи и навики може да влијаат на вашето здравје и вашата убавина. На прв поглед можеби не изгледаат штетно, но кога ги правите секој ден нивното влијание почнува да се забележува. Погледнете некои од најчестите грешки кои ги правите несвесно, но и како да се ослободите од нив.
1. Допирање на лицето додека седите пред компјутер
Голема е веројатноста сега да се наоѓате пред компјутер во истата позиција како на горната фотографија. Поминуваме голем дел од денот пред компјутер и често го допираме лицето без да размислуваме за тоа. Кога ја потпирате вашата брада со раката вие ја дислоцирате хиоидната коска и ја попречувате циркулацијата. Ова може да резултира со двојна брада, но и да го забрза стареењето на кожата. Допирањето на лицето со валкани раце предизвикува и проблеми со кожата, особено ако таа е склона кон акни. Митесерите се појавуваат на вашето лице со причина, а на овој начин можете да добиете и херпес.
2. Прекрстување на нозете
Оваа положба може да биде навистина штетна за луѓето со проширени вени. Настанува прекин на протокот на крв, па брзо се појавуваат здравствени проблеми. По некое време може да се појави и болка во долниот дел од грбот, па дури и на гениталиите. Болката најчесто е предизвикана од погрешното држење на ‘рбетот кое создава притисок во долниот дел од грбот.
3. Ја чешлате косата додека е влажна
Чешлањето на косата по туширање е можеби најчестата и најинстинктивната навика. Но, ова е многу штетно за вашата коса. Причината е тоа што влажната коса е многу покршлива од сувата, па чешлањето ја оштетува. За да го зачувате здравјето на вашата коса, користете крпа за нежно да ја впиете влагата и обидете се да ја сушите природно. Откако ќе се исуши, чешлајте ги прво врвовите, а потоа постепено качувајте се нагоре, без разлика на нејзината должина.
4. Долго гледање филмови и серии
Сигурно ви се има случено да изгледате цела сезона од некоја серија во еден ден. Научниците долго време дискутираат за опасноста од сината светлина која доаѓа од екраните. Таа длабоко навлегува во кожата и активира слободни радикали кои ја присилуваат кожата да произведува ензими кои го уништуваат колагенот. Последиците се стареење на кожата и хиперпигментација. Дерматолозите често ја спомнуваат лошата состојба на кожата на луѓето кои поминуваат долго време пред екран, па дури советуваат користење на крема со УВ филтер. Некои сметаат дека сината светлина е од сосем друг спектар, па УВ кремите не нудат никаква заштита. Најдобро е да го намалите контактот со електронски направи што е можно повеќе.
5. Користење на смартфонот пред спиење
Истата сина светлина го намалува производството на мелатонин, а ова пак може да го наруши вашиот распоред на спиење. Можеби нема да го забележите недостатокот на сонот, но вашето тело го чувствува тоа. Покрај „малите“ козметички проблеми, оваа навика има лошо влијание на имунитетот и ендокриниот систем. Немојте да го користите вашиот смартфон барем 1 час пред спиење.
Продолжува на следната страница…