11 работи што луѓето кои не се во врска не сакаат да ги слушнат
Немањето романтичен партнер не значи дека си несреќен, ниту пак тоа што си сам значи дека си осамен. Статусот сингл, верувале или не, може да биде личен избор. Луѓето во глобала мислат добро иако не секогаш добро се изразуваат. Постојат многу нешта кои се супер во „самечкиот“ живот, но и многу работи кои на оние што не се во врска им е смачено да ги слушаат. Еве што вашиот/ата пријател/ка што не е во врска не сака да чуе од вас.
1. Знам совршена личност за тебе
Мислењето дека се во постојана потрага по партнер и дека чекаат од вас да им најдете некој, само остава впечаток дека мислите дека се очајни и осамени кога во суштина не е така.
2. Треба да созрееш, да најдеш некој итн.
Како прво, оставате впечаток на надмена личност која искусила толку нешта и сега може да соли памет за тоа кога некој треба да созрее. Почнувањето љубовна врска, имањето деца и слично е личен избор, а не нешто што треба да се форсира ниту пак да се дозволи некој да размислува наместо тебе.
3. Старееш
Исто и ти, која ти е поентата?
4. Како тоа уште си сингл?
Ако некој не е во врска не значи дека нешто не е во ред со него. Сите ние правиме лични избори какви што мислиме дека се најдобри за нас и не должиме објаснување. Тоа е исто како некој да ве праша „Зошто уште си во врска?“
5. Не грижи се, ќе си најдеш некој
Со ова правите претпоставка дека личноста е осамена, загрижена и депресивна. Во суштина е навредливо бидејќи вистината е дека таа личност може да прави толку супер нешта во моментот и нема потреба од мотивациски говор.
6. Си пробал/а да запознаеш некој онлајн?
Не е дека некому толку му се брза да престане да биде сингл или нема веќе шанси да запознае некој добар во живо, па мора да се фати како давеник за последната сламка.
7. Можеби ако не беше толку (негативна карактеристика) ќе си најдеше некој
Љубовта е прифаќање на несовршеностите, а не маскирање и преправање за некој да те сака. За да се каже нешто вакво треба да си опериран од осет и сочувство бидејќи е навистина голема навреда. Во суштина на личноста ѝ кажувате дека треба да промени нешто кај себе и да не биде своја.
8. Ќе се случи кога најмалку очекуваш
Значи, доколку таа личност всушност е подготвена за врска треба да почне да се преправа дека не очекува ништо?
9. Можеби треба да бидеш подостапен/на
Значи дека треба да парадира низ градот за да биде забележан/а? Или да се направи пристапен/на за секого и да заборави на своите критериуми?
10. Можеби си премногу пребирлив/а
Тоа што нема да излезе со секој кој ќе ѝ понуди не значи дека е премногу пребирлива, едноставно има вкус и знае што сака а што не. Не значи дека треба да се поднесуваат глупави работи кои ни пречат само за да не бидеме сами и декларирани како пребирливи.
11. Кога бев на твоја возраст…
Ова се однесува на повозрасните кои даваат пример дека на одредена возраст веќе биле мажени и имале деца. ОK, значи луѓето едноставно се различни, сакаат различни работи во животот и не секој ја наоѓа вистинската љубов во своите 20-ти, ниту пак постои правило и ограничување. Значи, дури и ако им мислите најдобро, не кажувајте им го ова на вашите сингл пријатели.