11 работи што ќе ги разберат само браќата и сестрите меѓу кои постои голема разлика во годините

11 работи што ќе ги разберат само браќата и сестрите меѓу кои постои голема разлика во годините

Дали некогаш луѓето помислиле дека вашиот помал брат или сестра се ваши деца? Кога постои голема возрасна разлика меѓу браќата и сестрите, нормално е тоа што луѓето се збунуваат. Помеѓу повеќето браќа и сестри не постои толкава разлика во годините, што значи дека тие поминуваат горе-долу низ истите работи во животот. Но, кога случајот не е таков, нивната врска е поинаква. Ова се 11-те работи што ќе ги разберат само браќата и сестрите меѓу кои постои голема разлика во годините…

11 работи што ќе ги разберат само браќата и сестрите меѓу кои постои голема разлика во годините

1. Вашите помали браќа или сестри сте ги гледале како кукли

Тоа значи дека сте ги облекувале како што сакате, без воопшто да ги прашате. Сега не можете да го правите истото, но сигурно постојат фотографии кои служат како докази за тие убави времиња.

2. Секогаш ги прашувате што значат најновите сленгови

Не сте разбирале што значи „LOL“ или „YOLO“ додека не ви објасниле вашите помали браќа и сестри.

3. Никогаш не се карате, бидејќи немате причина зошто да се карате

Не ја носите истата облека, немате исти интереси и симпатии. Вие навистина немате за што да се карате!

4. Многу ви било тешко да гледате телевизија заедно

Сега работите се сменети, но додека сте растеле, ретко кога ви се допаѓале истите емисии и цртани филмови. Сте морале да гледате „Телетабиси“ наместо „Млади бунтовници“ и тоа ве вадело од кожа.

5. Сте научиле да давате одлични совети

Со оглед на тоа што сте биле многу помлади или постари, сте можеле да понудите многу поразлична перспектива на работите од онаа на вашите браќа и сестри. Понекогаш на луѓето им е потребен совет од некој постар и поискусен, но понекогаш потребно е да се согледаат нештата од детски аспект. Секогаш можете да сметате едни на други без оглед на вашата разлика во годините.

11 работи што ќе ги разберат само браќата и сестрите меѓу кои постои голема разлика во годините

6. Сте се зближувале благодарение на вашите „смотани“ родители

И вие и вашите браќа или сестри сте се нашле во ситуација кога сте биле засрамени од вашите родители. Тие не ги разбираат најновите трендови и постојано се обидуваат да најдат начин да допрат до вас, но никогаш нема да успеат во тоа.

7. Постојано слушате дека сте премногу стари или премногу млади

Доколку вие сте постариот член во семејството, сигурно вашите браќа или сестри ве нарекувале „баба“ или „дедо“. Вие, пак, сте им велеле дека се бебиња и дека треба да „изедат уште многу фурни леб“ за да ве стигнат. И покрај сите закачки, јасно е дека не можете да живеете едни без други.

8. Никогаш не се однесувате во согласност со вашите години

Ако сте постари, секогаш имате некој околу вас кој ве подмладува и тоа се вашите братчиња и сестричиња кои ве потсетуваат дека не треба да го сфаќате животот премногу сериозно. Доколку вие сте помладите, вашите постари браќа и сестри сигурно ви помагале да се однесувате позрело.

9. Многу сте заштитнички настроени

Ако некој се обиде да ги повреди вашите браќа и сестри, вие веднаш заземате заштитнички став. А доколку не ги одобрите нивните љубовни партнери, на таа врска ѝ се гледа крајот.

10. Понекогаш се чувствувате изгубено кога ќе ви ги кажат нивните интереси

Немате поим зошто на вашите помали браќа или сестри им се допаѓаат новите бендови кои звучат како некој да дере мачки, а тие, пак, не можат да разберат што ви е толку интересно кај вежбањето јога. Навистина се трудите да се разберете едни со други, но тоа понекогаш едноставно не се случува.

11. И покрај сите разлики, вие сте најдобри пријатели

Не би ги менувале вашите браќа и сестри со ништо друго на светот, а знаете дека и тие се чувствуваат на истиот начин.

Во продолжение прочитајте кои се 11-те нешта што само поголемите браќа и сестри ќе ги разберат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар