11 пролетни комбинации кои веќе не се во мода - Part 2

11 пролетни комбинации кои веќе не се во мода

7. Широки колани на половината

(7)11-proletni-kombinacii-koi-povekje-ne-se-na-moda-kafepauza.mk

80-тите беа едни од највпечатливите години во модата, но има еден тренд од тој период кој замина во историјата. Станува збор за широките колани. Овој нападен моден додаток целосно го оттргнува вниманието од фустанот. Ако сè уште ги носите, ви препорачуваме да се ослободите од нив и да одберете модел на фустан кој е стеснет кај половината.

8. Блузи со реси

(8)11-proletni-kombinacii-koi-povekje-ne-se-na-moda-kafepauza.mk

Освен ако не сте на некој музички фестивал, ве потсетуваме дека овие блузи целосно се излезени од мода. Иако едвај чекавте да се вратите во лесните блузи веднаш што помина зимата, ова не е нешто што треба да го носите. Ако ви се допаѓа изгледот на ресите, одберете таква чанта.

9. Премногу накит

(9)11-proletni-kombinacii-koi-povekje-ne-se-na-moda-kafepauza.mk

Од сите сезони, пролетта е онаа во која се носат најмногу модни додатоци. Денес дури и модните блогерки знаат дека малку е повеќе. Наместо да наредите цел куп прстени одберете еден кој ќе го создаде истиот впечаток. Една елегантна белегзија ќе изгледа многу подобро отколку десет обични.

10. Точки на ноктите

(10)11-proletni-kombinacii-koi-povekje-ne-se-na-moda-kafepauza.mk

Пролетта е исто така одличен период за експериментирање со ноктите. Сепак живите бои се најдалеку што треба да одите со вашите нокти. Лакирањето со точки треба да го заборавите. Ако сакате да имате нешто повеќе на вашите нокти, додајте слој со светки.

11. Блузи со прерамка околу вратот

(11)11-proletni-kombinacii-koi-povekje-ne-se-na-moda-kafepauza.mk

2000-тите години беа ерата на овие блузи и на панталоните „ѕвонарки“. Но денес облеката е многу поелегантна и ја следи формата на телото. Освен ако не носите костим за капење со ваква рамка, исфрлете ги овие блузи и заменете ги со оние кои повеќе одговараат на вашето тело.

Погледнете ги и овие модни комбинации за опуштени вечерни излегувања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар