11 прашања кои треба да си ги поставите пред да му раскинете на добриот дечко кој ве сака

11 прашања кои треба да си ги поставите пред да му раскинете на добриот дечко кој ве сака

Само затоа што кај него чувствата се развиваат премногу брзо, не значи и дека никогаш нема да го стигнете. Всушност, колку повеќе му се допаѓате, толку подобро е за вас. Вие препознавате дека тој е добар човек, но не сте сигурни дали е добар за вас. Искрено, можеби и се чувствувате малку исплашено од ентузијазмот кој го чувствува за вас. Но, мажот кој ве гледа како најубавата жена на оваа планета е најдоброто нешто кое можете да го најдете.

11 прашања кои треба да си ги поставите пред да му раскинете на добриот дечко кој ве сака

Тој ќе ве цени, почитува и ќе се грижи за вас. Тој ќе се труди повеќе да ве усреќи и ќе сака да ве задржи што поблизу до себе. Но, тоа не значи дека ќе ве чека вечно да се одлучите дали сакате да бидете со него или не. Во еден момент тој ќе мора да стане вашиот приоритет, исто како што вие сте неговиот. Вие ќе треба да се однесувате кон него подеднакво како и тој кон вас доколку сакате оваа врска да успее.

Па, дали би требало да останете за да видите како нештата ќе се одвиваат дури и покрај тоа што ви изгледа дека вашите емоции се далеку помали од неговите? Одговорете искрено на следниве 11 прашања и откријте…

1. Дали уживате во вашите бакнежи?

2. Кога нешто многу добро или лошо ви се случува, дали тој е првата личност со која посакувате да ги споделите овие новости?

3. Во оние ретки ситуации кога не ви се јавува или не ви пишува, дали сте разочарани?

4. Дали ве смее?

5. Дали му се јавувате со цел накратко да му посакате добра ноќ, но без да забележите вашиот разговор траел со часови?

6. Дали постојано сте изненадени од тоа колку се забавувате на вашите состаноци?

7. Дали се чувствувате среќни што го имате покрај себе?

8. Дали нештата ви изгледаат многу едноставно кога сте заедно?

9. Дали тој го влече најдоброто од вас? Дали се чувствувате како вистинските вие кога сте покрај него?

10. Дали сте горди на него кога тој е покрај вас и ве држи за рака?

11. Ако утре ви раскине, ќе се прашувате ли каква би била вашата врска доколку сте останеле заедно?

Ако одговоривте со „да“ на поголемиот дел од овие прашања, тогаш треба да му дадете повеќе време. Исто така, можеби е време и искрено да разговарате за оние нешта кои ве спречуваат да се препуштите целосно во оваа врска. Начинот на кој тој ќе се постави во овој разговор може многу да ви каже и за тоа како ќе се справува со идните конфликти во вашата врска. Овие разговори исто така ја зголемуваат и вашата емоционална интимност, правејќи да се чувствувате многу поблиски.

Секогаш е добра идеја да се разговара искрено. Ако не му дадете фер шанса и едноставно ставите крај на оваа нова врска, како ќе знаете дали воопшто сте имате потенцијал како пар? Со тек на време, таа или ќе напредува или ќе пропадне. Ако се случи втората, секогаш можете да ставите крај. Тоа нема да биде крајот на светот, ниту за вас, ниту пак за него. Од друга страна пак, внимавајте да не ја осудите оваа врска пребрзо. Којзнае, можеби токму тој е „вистинскиот“ за вас!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар